Македонија
Милошоски и’ прости 15.000 евра на уредничката на „Фокус“ Јадранка Костова

Пратеникот Антонио Милошоски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и прости 15.000 евра на уредничката на „Фокус“ Јадранка Костова, осудена за изнесена клевета.
За екс-шефот на дипломатијата, судската правда е поважна од паричниот надоместок.
„Во духот на целата дискусија којашто се води во Македонија, којашто има за цел да се унапредат стандардите на новинарското работење и објективното информирање, донесов одлука да не барам материјална надомест за претрпената штета од осудената уредничка Јадранка Костова. Сметам дека утврдувањето на вистината е најдобриот лек за изнесената клевета. Во овој случај утврдувањето на моралната првда од страна на судот за мене беше доволна цел и чуствувам дека нема потреба натаму да барам материјална надомест“, рече Милошоски.
По објавениот текст „Како Здружението на возачи стана семејна фирма на Антонио Милошоски“ минатата година во „Фокус“, Милошоски поднесе приватна тужба, по што судот ја прогласи Костова виновна за клевета и за задолжи да плати оштета од 15.000 евра. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска, променливо облачно со повремен локален дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во среда ќе има преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во четврток кон крајот на денот и во петок.