Македонија
Пожар кај индустриската зона Желино
Пожар избувна во петокот на подрачје на местото Мухеза дел на индустриска зона во општина Желино, а во гасењето се вклучени два авиони и четири противпожарни возила.
Како што соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) двата авиони направија 9 налети и исфрлија околу 27 тони вода.Околу 16 часот локалните власти активирале механизација која правела засеци.За опожарената површина нема точни податоци колку хектари е зафатена шума, а материјалната штета дополнително ќе се утврдува. Ноќеска остануваат дежурни екипи.Во исто време има појава на пожар во реонот на Горно Дупени во Ресенско. На терен се вработените на подрачното одделение за заштита и спасување, како и екипи на противпожарната единица. Противпожарната единица учествуваше со 2 противпожарни возила и 8 пожарникари.Вработените од Македонија Шуми учествуваа со 20 лица.Опожарената површина околу 14 часот беше 1 хектар борова шума, а материјалната штета дополнително ќе се утврдува.Околу 18 и 30 часот добиено е известување за пожар во село Разловци.На терен се вработените на подрачното одделение за заштита и спасување Делчево како и екипи на противпожарната единица и од македонски шуми со 20 лица и теренски возила.Опожарената површина беше 60 декари борова шума, а материјалната штета дополнително ќе се утврдува. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.

