Македонија
Пожарот кај Делчево сè уште активен
Пожарот во Делчево сè уште е активен, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Според истиот извор, дејствуваат авионите за гасење пожари на Дирекцијата за заштита и спасување, но поради непристапноста на теренот и ветерот од северен правец, пожарот сè уште не е локализиран. Дејствуваат авионите од утринава.
На терен се ангажирани Македонски шуми, Територијалната ПП единица и околу 100 граѓани. Пожарот од Делчево е префрлен во Пехчево каде дејствуваат од ЛС Пехчево и Македонски шуми, со ангажирани две екипи за гасење на пожари.
Во село Патетино 15 куќи се изгорени од кои ( 3 напуштени сосема, 2 повремено, и 2 постојано населени), 37 пчелни семејства и еден трактор .
Активен пожар кај викенд населба Сутлак кај Штип, кај место викано Липов Дол – гори стрниште од вчера 17 часот, ангажирани 2 ПП возило со 10 пожарникари, пет лица од Македонски шуми.
Локализиран е пожарот кај Мечкуевци, Свети Николе, каде гореше дабова шума и ниско стеблеста шума
Пожарите се локализирани и кај Македонски Брод, во општина Пласница место викано Ветерник, каде гореше сува трева и отпад, 0,2 х површина, појавен 20,30 и ликвидиран 21,30. Ангажирани ТППе 1 возило и двајца пожарникари.
Локализиран е пожарот кај Дојран 23 и 24 часот место викано декилташ- ТППЕ Струмица, ТППЕ, Валандово, ТППЕ Гевгелија ДПП Дојран две возила, каде гореше трева и ниско стеблеста шума. Пожарот е локализиран околу 6 часот.
Локализиран е пожар и во атарот на село Смоквица кај новата бензинска станица на автопатот, појавен околу полноќ, при што гореше сува трева, трње и јавор, а автопатот беше во прекин два часа, по што во 4,30 е пуштен за сообраќај, а пожарот околу 6 часот е локализиран.
Локализиран е пожарот и во селото Пелинце, каде гореше сува трева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

