Македонија
Пожарот близу Пехчево сè уште активен
Борова шума гори во близина Пехчево, а на терен се противпожарни екипи од Делчево, а во гасењето на пожарот се вклучени и авиони, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Пожарот во светиниколско во вторникот е ставен под контрола, а за кратко време бил локализиран и пожарот кај наплатната рампа Миладиновци, каде горела сува трева.
Локализиран е пожарот и кај штипски Сутлак. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Магла на патниот правец Струмица – г.п. Ново Село
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Намалена видливост поради појава на магла до 70 метри има на патниот правец Струмица – г.п. Ново Село.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја неколку скопски општини
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– Од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од улицата Саса 2, и дел од улицата Саса 4, во општина Кисела Вода;
– Од 09:00 до 15:00 часот дел од корисниците во село Побожје во општина Чучер Сандево;
– Од 09:00 до 14:00 часот корисниците од дел од улиците Народен Фронт и Васил Говров во општина Центар;
– Од 10:00 до 13:00 часот корисниците ОУ Петар Поп Арсов во општина Карпош.
Скопје
Дел од Кисела Вода денеска без вода
Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека, поради изведување водоводен приклучок ф 100 мм на улицата Речиште бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево од 9.30 часот до завршувањето (општина Кисела Вода).