Македонија
Во функција ќе биде ставен главниот транспортен систем за јаглен
Во сабота во РЕК Битола ќе биде пуштен во употреба Главниот транспортен систем за јаглен од површинскиот коп Брод – Гнеотино до површинскиот коп Суводол, во износ од 18,6 милиони евра, во присуство на премиерот Никола Груевски, кој е во посета на битолскиот регион.
Со овој проект на АД ЕЛЕМ се заокружува производниот процес во новиот површински коп Брод – Гнеотино, директно се зајакнувааат можностите и ефикасноста на трите рудници и се продолжува животниот век на РЕК Битола.
Транспортниот систем за јаглен има траса во должина од речиси десет километри, брзината на движење на гумената лента изнесува 4,8 метри во секунда, неговиот капацитет е 3.800 тони јаглен на час. Системот а го сочинуваат пет секции со пет погонски станици, како и комплетна инфраструктура од натпатници и испусти за одводнување.
Димензиониран е во иднина покрај транспорт на јагленот од рудникот Брод – Гнеотино, да го преземе и да го транспортира и јагленот кој би се експлоатирал од новото јагленово лежиште во Живојно. Така, како што најавуваат од АД ЕЛЕМ, се обезбедува долгорочен континуитет во испораката на јаглен за потребите на термоелектраните Битола.
Проект се реализира со финансиска поддршка од германската Deutsche Bank AG преку средства обезбедени со кредит во висина од 16 милиони евра со период на отплата од десет години, како и 2,6 милиони евра сопствени средства на АД Електрани на Македонија.
Производството и монтажата на системот ја изврши германската компанија ThyssenKrupp AG во соработка со повеќе фирми во својство на подизведувачи.
„Со реализација на овој капацитет наменет за континуиран, брз и ефикасен транспорт на јагленот од извозната рампа на усекот на новиот површински коп Брод – Гнеотино, до истоварното место на јагленовиот систем во рудникот Суводол, ќе се заокружи процесот на ископ, експлоатација и испорака на најмалку два милиона тони јаглен на годишно ниво од површинскиот коп Брод – Гнеотино. Овие количества јаглен, заедно со јагленот од постојниот рудник Суводол и од Подинската јагленова серија на рудникот Суводол, се очекува да го исполни потребниот минимум од шест милиони тони јаглен годишно, потребни за непречено производство на електрична енергија од ТЕ Битола“, се вели во најавата од АД ЕЛЕМ./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Коцевски: Ако градоначалникот Ѓорѓиевски има докази за злоупотреби во јавните претпријатија нека пријави
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија, е надлежен тоа да го пријави во Министерството за внатрешни работи или во Јавното обвинителство.
„Во однос на изјавите на градоначалникот, ќе кажам дека тој како градоначалник, доколку има докази и е надлежен, тоа може да го пријави на надлежните органи – МВР, и да ги достави тие документи евентуално во Јавното обвинителство. И досега Обвинителството така постапувало, што значи дека ќе постапува и натаму. Ако има злоупотреби, стоиме на располагање“, изјави Коцевски.
Градоначалникот Ѓорѓиевски претходно на социјалните мрежи објави дека во скопските јавни претпријатија се отпуштени 500 лица кои со месеци или години не доаѓале на работа, и дека нема да има толеранција за такви случаи.
Дополнително во телевизиско гостување, Ѓорѓиевски објасни дека до него пристигнале документи кои укажуваат на можни незаконитости во работењето на повеќе претпријатија.
Македонија
Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители
Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, почнува следната недела, на 19 ноември.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека обвинението ќе го застапува тим од околу 15 обвинители, со веќе утврден план за нивна координација.
„Во судница обвинението ќе го застапуваат истите обвинители што беа и досега, но најверојатно ќе ангажираме уште неколку, за да не се одолговлекува постапката. Од наша страна сме целосно подготвени и екипирани“, изјави Коцевски, додавајќи дека вчера се одржал координациски состанок во Јавното обвинителство.
Обвинението, поднесено во јуни годинава, опфаќа 34 физички и три правни лица, обвинети за тешки дела против општата сигурност. Меѓу нив се тројца поранешни градоначалници на Кочани, четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување, пет државни службеници, генерален секретар и двајца поранешни министри за економија. Првообвинети се тројцата одговорни лица и сопственици на фирмата чија подружница бил кабарето „Пулс“.
Покрај главниот предмет, се води и посебна истрага против 13 полицајци поврзани со случајот, која се одвива побавно поради одложени сослушувања на сведоци. Одлуката од Јавното обвинителство се очекува на почетокот на декември.
Во Основното јавно обвинителство Кочани се води и предистражна постапка против службеници на Управата за јавни приходи.
Македонија
Утре делови од Шуто Оризари без вода за пиење
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( среда ) поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Шуто Оризари)

