Македонија
Мендух Тачи останува на црната листа на САД

Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, останува на црната листа на САД.
Американското министерство за финансии, на ажурираната листа од 24 јули, меѓу другите, повторно го остави името на Мендух Тачи, како личност која не е пожелна во САД.
Покрај претседателот на ДПА, на листата остануваат и заменик претседателот на ДУИ, Џеват Адеми, сегашниот претседател на Нова демократија, Кастриот Хаџиреџа, потоа Невзат Халили, Нури Беџети, Гафур Адили, Џавит Хасан, Хусеин Џемаил, Даут Реџепи – Лека и Џезаир Шаќири.
На црната листа на САД како организации се наоѓаат и Албанската национална армија и Фронтот за национални обединување, како организации кои се појавуваат по воениот конфликт во 2001 година./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Отворена нова амбуланта во Радуша

Министерот за здравство, Азир Алиу денес беше во посета на Радуша, каде повторно се отвори амбуланта која претходно беше запуштен и нефункционален простор.
„Денес е навистина посебен ден за Радуша. По речиси една и пол година, амбулантата повторно ги отвора вратите за своите жители. Овој простор, кој беше запуштен и нефункционален, денес е целосно обновен на наше особено задоволство. Амбулантата располага со современа опрема и услови достојни за едно модерно здравство на примарно ниво. Горд сум што првпат амбулантата ќе ја води доктор од самото село, тоа е докторот Руфат Ќаили, кој ќе биде тука секојдневно за потребите на граѓаните“, истакна Алиу при посетата.
Македонија
Ивановска: Време е да ѝ објавиме војна на корупцијата во општина Центар

Независните кандидати за градоначалници на Град Скопје и Општина Центар, Горан Марковски и Билјана Ивановска ги повикаа граѓаните да излезат на Локалните избори во недела и да гласаат за стручност, професионалност, визија и антикорупција.
– Со гласот за 128 за градоначалник на Скопје, гласаме за стручност и деполитизација на градската администрација. Скопје заслужува да добие стручен и независен градоначалник кој ќе гради партнерства со граѓаните, а не со бизнис елитите и урбаната мафија, истакна Марковски.
Време е да објавиме „војна на корупцијата“ во општина Центар. Излезете слободно, независно и гласајте за градоначалничка која ќе управува чесно, одговорно и транспарентно со локалната самоуправа. Гласај за 149 за градоначалник на општина Центар, посочува Билјана Ивановска, кандидатка за градоначалник на Центар на „Независни заедно“.
„Нема силни општини без советите“ Јана Белчева Андреевска ги повика скопјани да гласаат за советничката листа на Независни заедно и да го заокружат бројот 35.
– Советите треба да добијат стручни и независни советници, кои ќе работат во интерес на граѓаните и ќе дискутираат за релевантни теми. Нашата цел е да работиме во интерес на здравјето и јавното добро, а не на профитот, истакна Белчева Андреевска.
Јане Димески, носител на советничка листа за Општина Центар ги повика центарци га гласаат за бројот 39.
– Докажавме дека можеме да се бориме во советот на Центар и да имаме вистински партнерски однос со граѓаните, со организациите, со сите локални чинители. Центар повеќе не смее да биде општина која ќе работи во интерес на одредена партија туку целосно да се отвори кон граѓаните, истакна Димески.
Македонија
Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните да гласаат со срце и разум за единствената конкретна програма. Им се обрати и на противкандидатите и ги повика да придонесат недела да биде празник на демократијата.
„Само со гласање може да ги промените работите во Скопје и да го спасите по четири години уништување. Нашиот град не може да издржи уште четири години уништување, импровизации, партиски бизниси и некомпетентност. В недела ве повикувам со срце и разум да гласате за единствената конкретна програма и понуда. Гласајте за вашиот дом, за бројот 5 затоа што вие заслужувате чист, зелен и функционален град. За моите противкандидати, ве повикувам сите да придонесеме недела да биде празник на демократијата, на слободата на одлучувањето и почитувањето на волјата на нашите граѓани. Се гледаме во вториот круг“, рече Шукова.
Таа потсети дека нејзиниот план за Скопје е јасен – повеќе зелени површини, нови паркови и ботаничка градина, чист Вардар и безбеден сообраќај.
„Знаеме како да го направиме Скопје град што повторно ќе дише, ќе се движи и ќе живее подобро“, рече Шукова.
Повика скопјани да излезат на гласање и да се изборат за „нашиот дом“.