Македонија
Непречено одвивање на сообраќајот, внимателно поради помали одрони

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата во недела наутро се одвива непречено, по суви и чисти коловози, а забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Охрид е завршена.
Од Автомото сојузот на Македонија препорачуваат поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде што има можност за појава на помали одрони кои може да го попречат движењето на возачите.
Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од Македонија. Инаку оваа информација се однесува само за македонскиот дел од премините./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ ја поздравува одлуката на ДКСК: „Стефан Андоновски е фатен во криминал и местење тендери“

„Го поздравуваме брзото постапување на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која оформи предмет за јасниот случај на судир на интереси, непотизам и корупција поврзан со тендерите што ги доби сопругот на државната секретарка Клинчарова во Министерството за дигитална трансформација. Повеќе од јасно е дека министерот Стефан Андоновски е вмешан и главен одговорен за овој случај. Чекорот на ДКСК е во вистинска насока, но сега е на ред Јавното обвинителство – правдата мора да биде задоволена!“, велат од СДСМ.
„Фактите се кристално јасни: компанијата на сопругот на Клинчарова добила два тендери, а министерот Андоновски прво се обидуваше да сокрие, а потоа и да оправда оваа скандалозна ситуација со апсурдни изговори. Ова не е само судир на интереси – ова е очигледен случај на корупција!
СДСМ во текот на денот ќе изнесе дополнителни докази кои ќе ѝ помогнат на ДКСК, но и на сите надлежни институции, во целосно расчистување на овој случај. Не постои никаков простор за различен исход – обвинение мора да следи.
Тендерските мрежи на ВМРО-ДПМНЕ мора да бидат разобличени, а одговорните санкционирани. СДСМ нема да дозволи оваа афера да биде заташкана – секој чинител во оваа криминална мрежа мора да одговара пред законот! Очекуваме итно дејствување на Обвинителството“, соопшти СДСМ.
Македонија
(Фото) Георгиевски: Здравствениот дом во Илинден е во завршна фаза

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски изврши увид во градежните работи во изградбата на новиот здравствен дом, каде во завршна фаза се повеќе градежни активности.
Со изградбата на здравствениот дом на граѓаните ќе им се овозможи широк спектар на здравствени услуги во местото на живеење, со што повеќе не ќе мораат да патуваат по дваесеттина километри за да ги задоволат своите здравствени потреби, извести општината.
Како што изјави градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски здравствениот дом се гради по барање на жителите на општина Илинден, која е со брзорастечки број на населението. Тој додаде дека на ова место се наоѓаше старата амбуланта изградена пред повеќе од половина век.
„Десетина години наназад едно од основните барања на граѓаните беше изградба на нов здравствен дом. Беше многу ветуван претходно, но не реализиран, па затоа на моја лична иницијатива како градоначалник се изработи нов проект и еве конечно се реализра. По завршување на изградбата општината целосно ќе го предаде здравствениот дом на Министерството за здравство“, вели градоначалникот.
Новиот здравствен дом зафаќа бруто површина од околу 600м2, се гради на два ката, два влеза (преден и заден влез), две чекални, два шалтера, четири тоалети и 14 ординации. Во надворешниот дел ќе се обезбеди паркинг простор како и партерно и хортикултурно уредување, информира општината.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: 167 милиони евра криминал со канцероген мазут, а судството само одзема пасоши

Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ упорно го бранат корумпираното судство и обвинителство, а вистинската причина денес е јасна – се работи за заштита на криминал вреден 167 милиони евра. Трговија со канцероген мазут, кој го труел народот, а виновниците се ослободуваат со симболични мерки, реагира ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение.
Партијата, дополнително, жестоко ја критикува одлуката да му биде определен куќен притвор на сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски.
„Судиите и обвинителите на СДС и ДУИ, наместо да ги гонат криминалците, ги пуштаат на слобода со домашен притвор. Синот на омилениот пратеник на Филипче, Исмаил Јахоски, за кој има основано сомнение дека е дел од оваа шема, добива само одземен пасош. Нема вистинска истрага, нема вистинска правда – само заштита за блиските на врвот на СДС и ДУИ. Кој се штити со оваа одлука? Во истата мрежа се бизнис партнери на внукот на Али Ахмети, луѓе од највисоките ешалони на ДУИ и СДС. Додека граѓаните се гушат од загадениот воздух, криминалните елити на овие партии се богатат од трговија со опасни супстанции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека најголемиот скандал е бегството на Васко Ковачевски, екс-директорот на ЕСМ и долгогодишен човек на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Наместо да одговара пред институциите, велат од ВМРО-ДПМНЕ, тој денес е во бегство, додека неговите покровители од власта прават сè за да го заштитат.
Судот синоќа определи 30 дневен притвор за бизнисменот Ратко Капушевски – сопственик на фирмата РКМ, Ерџан Сулкоски и ексдиректорот на ЕСМ, Адријан Муча, во случајот со спорниот тендер за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино. Од Кривичниот суд вечерва информираа дека за нив постои опасност од бегство и околности кои укажуваат на попречување на истрагата со влијание на сведоци.
Во однос на осомничениот Асмир Јахоски – сопственик на „Пуцко Петрол“, по произнесување пред судија на претходна постапка Јавниот обвинител се согласи за промена на предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор, што беше прифатено од Судијата на претходна постапка, велат од Кривичен.
За останатите седум осомничени кои беа спроведени во судот, судијата го прифати предлогот на Јавниот обвинител и донесе решени за определување на мерки за претпазливост.