Македонија
Уште осум пожари се активни на територијата на Македонија
На целата територија на земјата до 11 во неделата активни се уште осум пожара, известуваат до Дирекцијата за заштита и спасување.
Активни се пожарите во општина Тетово, кај селото Вејце кон село Селце, во општина Македонски Брод кај селото Волче кај местото Црквица на падините на Сува Гора, во општина Кочани кај селата Костин Дол и Полаќи кон Вранинци, во општина Чашка кај селото Ораше на локалитетот Орашка Чука и кај селото Богомила, во општина Новаци кај селата Добровени и Сович, како и во општина Гевгелија каде пожарот е активен, но е ставен под контрола.
Пожарите во општина Јегуновце кај селото Вратница и општина Студеничани кај селото Рамни Габер, исто така, сé уште сe активни.
Локализирани се пожарите кај Националниот парк „Јасен“, во општина Струга кај селото Радуч на планината Јабланица. како и во општина Сопиште кај селата Патишка Река и Дражилово.
Од ДСЗ информираат дека се ликвидирани пожарите во општина Гостивар, кај селата Лакавица и Митрови Крсти и пожаот во општина Прилеп кај селото Царевич на локацијата Мајнов Дол.
Со пожарот во општина Тетово кај селото Вејце кон село Селце, кој е активен и во неделата, зафатена сува трева и букова шума.
Активниот пожар во општина Македонски Брод кај селото Волче на место викано Црквица во подножјето на планината Сува Гора, зафати деградирана шума, ниско стеблеста шума, сува трева, како и две напуштени куќи. На местото на пожарот ангажирани се лица од територијалната противпожарна единица и од Јавното претпријатие „Македонски шуми“.
Активен е и пожарот во општина Кочани кај селата Костин Дол и Полаќи кон Вранинци. Таму гори дабова шума, смрека и габер. Ангажирани се осум пожарникари со две противпопжарни возила и поеќе од десет вработени во Јавното претпријатие „Македонски шуми“.
Пожарот во општина Чашка кај селата Ораше на локалитетот Орашка Чука и кон селото Богомила, исто така е активен и се шири во правец кон Прилеп, кон селото Стровје. Со него е зафатена површина од 200 хектари млада борова шума, даб и бука. За негово гасење се ангажирани дваесетина лица од „Македонски шуми“.
Активен е но приземјен, како што информираат од ДЗС, и пожарот кој избувна уште на 25-ти август во општина Новаци меѓу селата Добровени и Сович на местото викано Крстот, на оддалеченост од 40 километри од Битола, Со пожарот е зафатена површина од 2.500 хектари смрека, деградирана шума, даб и црн бор на непристапен терен. За гасење на пожарот ангажирани се десетина лица од „Македонски шуми“.
Пожарот во општина Гевгелија меѓу селата Коњско и Хума кај Оков рид е активен но ставен под контрола. Тој зафати површина од 1.300 хектари мешана, борова, дабова и ниско стеблета шума. За негово гасење се ангажирани пожарникари со едно противпожарно возило, 25 вработени од Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и десетина волонтери од месното население.
Пожарот во Општина Јегуновце кај селото Вратница кон Беловиште со кој е зафатена високо стеблеста шума и бука на напристапен терен и натаму е активен.
Повторно е активен и пожарот во општина Студеничани кај селото Рамни Габер. Со пожарот зафатена е високо стеблеста шума, а со него се спратуваат врабтоените од локалната подружница на „Македонски шуми“.
Пожарот кој се појави на 20-т август јан Националниот парк „Јасен“ кон селото Брезница и општина Македонски Брод е локализиран. Зафатена е површина од 5.000 хектари мешана шума. За негово гасење се ангажирани 25 лица од Дирекцијата за заштита и спасување, пет лица од територијалната противпожарна единица со две противпожарни возила и дваесетина лица од „Македонски шуми“.
Пожарот што избувна на 31-ви август во општина Сопиште кај селата Патишка Река и Дражилово е, исто така, локализиран. Со него е зафатена смрека и сува трева, а на местото на пожарот се лица од „Македонски шуми“.
Локализиран е и пожарот во општина Струга кај селото Радуч на планината Јабланица. Со него е зафатена букова шума, пасиште и сува трева. Пожарот избувна на надморска височина од 1.800 метри на непристапен терен. За гасење на пожарот ангажирани се вработени до „Македонски шуми и пожарникари со противпожарно возило.
Пожарот во општина Гостивар кај селата Лакавица и Митрови Крсти е ликвидиран. Со истиот беше зафатена ниско стеблеста шума, папрати и стара сечена шума.
Ликвидиран е и пожарот во општина Прилеп кај селото Царевич на место викано Мајнов Дол со кој беше зафатена површина од 300 хектари мешана шума, бука, габер и даб./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ има решение: Наместо луксуз на власта – 600 евра плати за работниците и поддршка за компаниите
„Претседателот на СДСМ, Венко Филипче понуди јасно, конкретно и остварливо решение за зголемување на минималната плата на 600 евра преку ребаланс на буџетот. Нема простор за изговори на власта: пари во буџетот има, но тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ги трошат за луксуз и криминални тендери“, велат од СДСМ.
„За зголемување на минималната плата на 600 евра потребни се околу 7,5 милијарди денари, односно 120 милиони евра.
Само со рационално кратење на трошоците во две буџетски категории може целосно да се обезбедат потребните средства.
Кратење на 20 до 30% на делот „стоки и услуги“, каде што се, патувања, репрезентации, договорни услуги, возила, мебел и комфор на функционерите, може да се обезбедат меѓу 90 и 130 милиони евра.
Со кратење на делот „разни трансфери“ може да се обезбедат дополнителни 75 милиони евра.
Со кратење само во овие две категории се обезбедуваат од 130 до над 200 милиони евра.
Овие пари се доволно не само за минимална плата од 600 евра, туку и за дополнителна мерка за поддршка на приватниот сектор преку субвенционирање на придонесите, со што компаниите ќе можат да ги зголемат платите без да се загрози нивната ликвидност.
Не може да има пари за луксуз, патувања, партиски тендери и партиски вработувања, а да нема пари за работниците.
Изговори нема. Ако власта сака да им помогне на работниците, може веднаш да предложи ребаланс на Буџетот. СДСМ ќе го поддржи“, соопшти СДСМ.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Uncategorized
Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи
Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот за возачките дозволи.
„Поднесена кривична пријава против двете лица од Битола кои се закануваа дека ќе тепаат и убиваат полицајци доколку се обидат да го спроведат законот. Очекуваме обвинителството од Битола веднаш да постапи на истиот начин како што постапува против нас и уште утре да побара притвор за овие лица. Доколку ова не се случи во најкус можен рок, нека бидат сигурни дека нивното не постапување нема да остане незабележано“, велат од синдикатот.
Едниот од пријавените се извини на социјалните мрежи дека упатувал закани. Рафет Мемишовски на снимката вели дека бил изнервиран и под стрес затоа што полицијата му го одзела автомобилот на неговиот братучед, поради тоа што немал возачка дозвола. Тој неколкупати повторува дека таквото однесување нема да му се повтори и вели дека повеќе нема да се заканува.
Граѓани во Битола, Штип и Прилеп неделава протестираа со блокади на патиштата на кои палеа гуми и дрва, реагирајќи затоа што им биле одземени возилата затоа што немале возачки дозволи.

