Контакт

Македонија

Објавени имињата на наредбодавците – и двајцата го следеле Шишков

Објавено пред

Васил Костојчиновски, поранешен републички потсекретар во Службата за јавна безбедност и Мирко Буневски, републички секретар за внатрешни работи, се двајцата наредбодавци кои во понеделникот беа лустрирани на седницата на Комисијата за верификација на фактите.

dobivaj vesti na viber

Името на третиот наредбодавец кој беше лустриран, а е починат, не е објавено на интернет страницата на Комисијата за верификација на фактите. Тој неофцијално раководел со службите во 1990-тите години.

Според лустраторите, овие лица кои биле високо позиционирани во државните служби своевремено издавале наредби за следење на лица од идеолошко-политички причини, со кои се нарушени основните човекови права.

Според документот кој е објавен, Костојчинвски наредил следење на директор кој потоа бил самостоен стручен соработник во Институтот за македонски фолклор во Скопје, поради неговите националистичко сепаратистички ставови, како и следење на актерот Ристо Шишков во 1970-тите години.

Поранешниот директор на Институтот за македонски фолклор бил следен поради неговите националистички позиции, неговите антисамоуправни позиции, отвореното негодување против тоа Тито да биде доживотен претседател на СФРЈ и неговото величење на системот во источно европските земји.

Сметал дека Македонија не е самостојна Република и е под влијание на Србите. „Ние работиме, а Србите го собираат кајмакот“, велел поранешниот директор.

Тој бил поддржувач на Борис Сарафов и сметал дека некои научници површно ги обработувале материјалите за Сарафов, кои ја расветлуваат вистинската улога на Сарафов во македонското револуцинерно движење.

„Можеби не е далеку денот кога една од поголемите, ако не и најголемата улица во Скопје, ќе го носи неговото име“, рекол во една дискусија во Институтит за национална историја.

Овие документи се објавуваат во ист ден кога општина „Центар“ одлучи да се изгради споменик на Сарафов во близина на новата зграда на министерството за надворешни работи. Овој споменик е донација на авторката на поголемиот број на споменици од прокетот „Скопје 2014“, Валентина Каранфилова – Стевановска.

Статуа на актерот Ристо Шишков, пак, е поставена на „Мостот на уметноста“ во центарот на Скопје.

Шишков во документите е опишан како лице кое често консумира алкохол и во таква состојба не бира средства за „своите вулгарни и навредливи истапи“.

Тој бил следен по националистичка линија и поради неговите негативни ставови за местото на Македонците од Егејска Македонија, од каде што потекнувал, во рамките на СФРЈ.

Сметал дека „Егејците“ се обесправени, дека на повеќето од нив не им се дозволува да заземат позиции во општеството според нивните заслуги и способности.

Службите ги контролирале и неговите поштенски пратки и телефонските разговори.

И Буневски издава нареба за следење на Шишков и за неговото однесување во затвор во 1980-та година. Буневски наредил и следење на спикер и уредник во Радио Струга поради навреди на граѓани од албанска и турска националност.

По иста основа бил следен и директорот за Заштита на културните споменици на Град Скопје кој не вработувал муслимани и велел: „Чувари на гробот на Гоце Делчев, не можат, не смеат и не е згодно да бидат Турци, муслимани’.

Буневски наредил и следење и на 28 ученици и четворица учители во Техничкиот училишен центар „Скопје“ кои пееле албански песни поддржувајќи ги контрареволуционерните протести во Косово во 1981 година. Досега се објавени имињата на 26 соработници на тајните служби и имињата на двајца наредбодавци./крај/мф/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот

Објавено пред

АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.

dobivaj vesti na viber

Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.

Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.

Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.

Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза

Објавено пред

Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

dobivaj vesti na viber

„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја денеска дел од Бутел

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет44 минути

(Видео) Републиканците бараат да им се суди на Бил и Хилари Клинтон за нивната поврзаност со Епштајн

Републиканскиот комитет на Претставничкиот дом на САД препорача поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон да се...

Регион49 минути

Вучиќ: Отсега па натаму, историјата ќе се пишува поинаку

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, изјави дека е сигурно дека...

Свет52 минути

Откриено е што може да добие Трамп на Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека постигнал рамковен договор со НАТО „во врска со Гренланд“, а според „Њујорк тајмс“,...

Свет1 час

(Видео) Путин пресмета колку ќе чини Гренланд

Рускиот претседател Владимир Путин се обиде да ја дистанцира Москва од дебатата за Гренланд. „Што ќе се случи со Гренланд...

Македонија2 часа

Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот

АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од...

Македонија2 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза

Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите...

Свет11 часа

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за...

Македонија17 часа

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, во рамки на форумот во Даовс се сретна со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, која ќе инвестира...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче: Нема да го поддржиме законот за „Безбеден град“

Ние сме конструктивна опозиција, но не сме контролирана опозиција, посочи претседателот на СДСМ,  Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање,...

Македонија19 часа

Минчев најави реформа во администрацијата: Нема доживотни функции, нема недопирливи

Министерството за јавна администрација денес ја започна јавната дискусија по нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната...

Македонија19 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно, фрлени се 300 тони сол

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од чисти улици и кажа дека се фрлени 300 тони сол. „Скопје,...

Македонија19 часа

Со новиот закон ќе биде забрането пушењето цигари пред игротеки и на места каде што се чека во редица за билети

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или...

Македонија20 часа

МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни пораки во име на директорот на БЈБ и од Единицата за сајбер безбедност

Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност...

Македонија21 час

Објавено колку Македонци живеат во Германија

Повеќе од 14 милиони странци живеат во Германија, а Украинците станаа втора најголема група странски државјани и наскоро би можеле...

Топ22 часа

Понудил за 100 евра да избрише судска казна од 200 евра: уапсен вработен во Основен суд во Гостивар

Вчера во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А.Ј.(49) од село Присојница, општина Маврово...

Македонија23 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен

Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно...

Македонија23 часа

Обвинителството да ги истражи наводите за мафијашките притисоци, уцени и злоупотребата на системот од Филипче и Заев за остварување на клановските цели, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Нема пора во општеството каде што СДС под менторство на Зоран Заев и Венко Филипче со мафијашки методи не владееле....

Македонија23 часа

Граѓаните поблиску до ЕУ роаминг без дополнителни трошоци, велат од Министерството за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација известува дека измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации (ЗЕК) се влезени во владина процедура...

Македонија24 часа

СДСМ: Дефокус на ВМРО преку Алфа и Жан додека се носат 10.000 „сезонски работници“

„Додека јавноста е бомбардирана со лажни и измислени афери со координирани напади преку Алфа ТВ, лажните изјави на Жан и...

Свет1 ден

(Видео) Американски специјалци упаднаа во уште еден танкер, објавена е снимка

Американските сили ја презедоа контролата врз танкер за нафта во Карипското Море, соопшти војската. Моторниот брод „Сагита“ ја прекрши блокадата...