Македонија
Уште седумнаесет лекари на обука во странство
Седумнаесет лекари-специјалисти, ќе заминат на стручен престој во реномирани медицински центри во странство во период од еден до шест месеци, во зависност од видот на обуката, во рамки на Програмата на Министерството за здравство за дообучување соодветен специјалистички кадар.
Како што најави министерот за здравство Никола Тодоров, се работи за двонасочен процес на доедукација кој паралелно се одвива со проектот за ангажирање еминентни доктори од странство, кои определено време престојуваатат во Македонија и преку предавања и практична работа вршат едукација на лекари за медицински интервенции.
На овој начин, ќе се овозможи искористеност на апаратите и давање квалитетна здравствена услуга за примена на посложени интервенции, кои во моментот недоволно се работат во Македонија или за истите интервенции, пациентите се упатуваат надвор од државата во соодветни референтни центри.
„На 1 октомври заминуваат на обука 15 специјалисти, додека двајца ќе заминат на обука на 15 овој месец. Седум од нив заминуваат на стручен престој во јапонската болница во Бугарија „Токуда“, од кои двајца специјалисти – ортопеди (д-р Владимир Стојковски и д-р Зоран Шишков) ќе се едуцираат за најновите методи и процедури во областа на ендопротетика“, рече Тодоров.
На стручна додедукација во оваа здравствена установа ќе престојуваат и двајца офталмолози, кои ќе се дообучуваат за фако-метода (д-р Лидија Сотировска и д-р Газепов Страхил), како и еден специјалист за ОРЛ (д-р Бесими Зекири), општ хирург за торакална хирургија (д-р Мартин Шукаровски) и педијатар за неонатологија (д-р Зорица Тодоровска),појасни Тодоров.
Во турската болница „Аџибадем“ на стручна доедукација се упатуваат шестмина специјалисти од ЈЗУ, од кои двајца гинеколози – од областа на лапараскопска гинекологија и во областа на перинатологијата (д-р Искра Крсевска и д-р Лилјана Јовановска).
На стручен престој во турската болница ќе престојуваат и двајца педијатри (д-р Силвана Наунова-Тимовска и Ница Кимовска-Христова), кои ќе се едуцираат за новини од областа на неонатологија, еден рендгенолог за КТ абдомен (д-р Виолета Василевска), како и пластичен хирург за реконструкција на меки ткива и гради по масектомија (д-р Игор Пеев).
Во Институтот за неонатологија во Белград на стручен престој заминуваат двајца специјалисти по педијатрија, кои ќе се доусовршуваат во областа на неонатологијата (д-р Благовеста Паскали и д-р Марина Гацова).
Специјалист-интернист по интервентна кардиологија (д-р Ана Вељановска) ќе се доедуцира во Институтот за кардиоваскуларни заболувања Дедиње, Белград, во период од шест месеци. Специјалист-патолог ќе се дообучува во АКХ Виена (д-р Магдалена Богдановска-Тодоровска).
Во рамки на Програмата на Министерството, претходно на стручна доедукација во странство беа упатени девет доктори-специјалисти, од кои четворица лекари заминаа на едукација во болницата „Аџибадем“ во Турција, тројца на Универзитетот во Мичиген, во САД, а двајца специјалисти во Клиничкиот центар во Белград.
На Универзитетските клиники во Скопје, стручна доедукација поминале 70 доктори од цела Македонија, главно од областа на кардиологија, радиологија и офталмологија.
Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека едукацијата на седумнаесет лекари-специјалисти чини 37.000 евра./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

