Македонија
Собранието не изгласа недоверба на Влада
За недоверба на Владата од вкупно 110 пратеници што гласаа 42 беа `за`, а 68 беа `против`, со што е констатирано дека не е изгласана недоверба на Владата.
Пред крајот на расправата се обрати премиерот Никола Груевски, кој рече дека денеска имал можност да слушне повеќе тези од опозицијата, кои се обидоа да докажат фингирана коалициска криза и да докажат дека се било глума.
„Не можам да не сум благодарен на оваа интерпелација. Во самата формулација на причината за интерпелација се покажува разликата меѓу мене и Црвенковски. Употреба на зборовите како сценарио, фингирана криза,и слично, мене ме потсетуваат на тепањето во Гостивар за поставување знамиња, кога во во позадина се криеше девалвација на денарот“, рече Груевски.
Праша дали мислеа на сценарио кога цело Скопје беше држено во неизвесност со Агим Красниќи, дали се враќа кризата, за да се прикрие економската криза, кога немаше субвенции, кога платите беа помали за 25 отсто, пензиите за 32 отсто, а го продадоа ЕСМ за малку пари.
„Кога направивте класичен спин и на денот на избори го уапсивте Јохан Тарчуловски, за народот да не се занимава со изборниот фалсификат“, рече Груевски .
„Вие не сте навикнати некој политичар да реагира директно, се гледате низ призмата на сценарија, како што прави Црвенковски“, рече Груевски и додаде дека нема никакво сценарио.
„Имаме разлики кои испливаа на површина во неколку настани. Јас мислам дека настанот во Слупчане беше контрапродуктивно, не се сфати како знак на помирување, па го викнав министерот и тоа му го кажав“, рече Груевски.
Според него, промената на имињата на училиштата е акт на провокација., а ставањето на провокативни имиња не придонесува кон доверба.
Затоа МОН поведе судска постапка за разрешување на овој случај, а одлуката ќе мора да се почитува,доколку не се почитува има начин според закон да се реши.
Апелирам до сите градоначалници Албанци, Бошњаци, Турци, Срби добро да размислат кога прават вакви работи и место за имињата да се секираат за условите во кои учат децата.
„Химна на Албанија интонирана во училишта е е провокација и со сета почит кон таа химна кон нашите пријатели од Албанија, земја со која имаме добри односи, сепак не смее да се злоупотребува“, рече Груевски..
„2001-та не е така далеку како што изгледа, раните не се залечени на двете страни. Вакви и слични настани се случуваа подолг период, за некои јавноста свесна за некои само по кулоари. Вакви проблеми не се решаваат со шепотење, туку јасно да се дискутира“, рече Груевски.
„Мое интимно чувсто е дека не сакам да бидам премиер по секоја цена, да молчам и да се кријам од проблемите“, рече премиерот.
Според него Собранието треба да донесе закон за зајакнување на правата на бранителите, но не сака да донесе закон за борците на ОНА.
Се пофали со реализирани над 2.300 проекти, а ќе бидат реализирани уште 1.000. Рече дека имаат програма според која работат и ги исполнуваат ветувањата.
„Пред светската економска криза, имавме раст од над 6 отсто…Лани имавме раст меѓу седумте најдобри во Европа…Странските инвестиции изнесуваат 1,5 милијарда евра, од 2006 година наваму. Платите се зголемени за 50, а пензиите за 32 отсто“, рече Груевски.
Порача дека СДСМ се исплаши од ветените инфраструктурни проекти, гасовод, централи, автопати, регионални патишта и друго и ја направи оваа интерпелација.
„За тезата дека сме против евроатланските интеграции, тоа е најчудно. Владата има добиено три по ред позитивни извештаи, три препораки за датум. Се воведе визна либерализација, на два самити по ред Македонија нотирано е дека ги исполнува условите за членство во НАТО кога Грција ќе се согласи за тоа. Останавме посветен на Охридскиот рамковен договор. Европската заедница ги цени реформите. Овие факти се директен демант на сите ваши тези’, додаде Груевски.
„Јавно ве прашувам, настрана што ги прокоцкавте 90 тите, зошто кога пак дојдовте на власт од 2002 до 2006 не ја внесовте земјата о НАТО и ЕУ. Кој ви бранеше? Што не го решивте проблемот со името?“, праша Груевски.Тој рече дека очекува најновиот извештај да нотира напредок и очекува најпозитивен извештај до сега.
„Оваа интерпелација не за џабе нашите граѓани велат дека е намерна оти најавивме изградба на централи гасоводи, зошто ЕК се чини ќе даде најпозитивен извештај“, рече Груевски.
„Јас зборувам со факти а вие замарајте се со тоа кој со кого влегол и каде и кој со кого се поздравил и далеку ќе стигнете. Гласајте по срце и по убедување. Доколку парламентот не се убеди од моите факти, ВМРО-ДПМНЕ е подготвен за избори ноември, декември, март“, порача Груевски./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Сопственикот на илегалната дрога, рамо до рамо со Венко Филипче, јасно е кој седи позади дрогата
Со денови ги слушаме СДС и Филипче, во прашална форма како лажно ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за некаков шверц на дрога, па го мешаат Томовски, и кој се уште не, но, еве ја вистината на дело.
Откриваме фрапантен податок и фотографија, која покажува директна инволвираност на Венко Филипче со шверцот на илегалната дрога. Венко и газдата на фабриката со илегалната марихуана – еден до друг, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко Филипче на телевизиско интервју, кажа дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на Фирмата „ЦБД Медплант“ и поранешен функционер на СДС, Тони Котев, а како што гледаме на сликата тие двајца добро се познавале и соработувале.
Венко Филипче и Тони Котев, рамо до рамо еден до друг.
Венко Филипче и СДС, наместо секојдневно да прашуваат и да шират невистини и манипулации, треба да одговорат на вистинското прашање, зошто се толку потресени и толку силно водат кампања за овие заплене на околу 30 тони дрога? Дали во СДС се исплашени затоа што Филипче и Заев се вмешани во трговијата со дрога? Затоа ли Филипче добро знае колку камиони требаат за одредена количина на дрога? Затоа ли во 2023 година го променија правилникот за одгледување на канабис? Колку милиони требале да заработат и на овој криминал“.
Според него, каде има чад, има и оган.
„Каде има криминал и корупција, таму се и Филипче и Заев. Ако порано се велеше дека сите патишта водат кон Рим, денес сите патишта за криминал и корупција, водат кон Филипче и Заев“.
Го повика ЈО, да ја истражи поврзаноста на Филипче и Заев, во случајот со 30-те тони запленети дрога.
Македонија
(Видео) Македонија на чекор до историски трговски договор со САД, рече Стојаноски
Македонија е на чекор до потпишување историски трговски договор со Соединетите Американски Држави, објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека се работи за „историски успех за македонската Влада и дипломатија“.
Како што информира Стојаноски, доцна синоќа Белата куќа објавила Заедничка изјава за реципрочна трговија помеѓу САД и Македонија, со која се најавува рамка за договор со царински тарифи до 15%, а за одредени производи и 0%.
„Се идентификуваат производи коишто ќе добијат до 0% реципрочна тарифа, што значи дека за дел од клучните индустрии и производи царинските тарифи ќе се намалат до нула“, рече Стојаноски.
Според него, ова претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и економската соработка меѓу двете држави. Договорот, како што рече, на македонските компании ќе им обезбеди конкурентска предност, регулаторна сигурност, предвидливост и посилна позиција на американскиот пазар.
„Во овие непредвидливи глобални времиња се зачувани илјадници работни места, а се испраќа и сигнал за политичка и економска стабилност на нашите односи со официјален Вашингтон“, додаде пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително, Стојаноски истакна дека документот е доказ за неоснованоста на критиките од СДСМ дека Владата нема надворешен план или визија. Целта на Владата, рече тој, е повеќе извоз, инвестиции и добро платени работни места дома.
Македонија
Левица: Радикално кратење на земјоделските субвенции, десничарската ДПМНЕ покажува дека не и требаат земјоделци
Со усвојувањето на новата програма за унапредување и поддршка на македонскиот аграр од страна на владата, сведоци сме дека оваа таканаречена програма не нуди ни унапредување ни поддршка, а ни развој на домашното земјоделско производство на храна, велат од Левица.
Ова, како што додаваат, е уште една капка која веќе ја прелива чашата на неиздржливост, која радикално десничарската реакционерна партија ДПМНЕ, им ја сервираше на македонските земјоделци во овие неполни две години власт.
„Партијата позната по криминалот и корупцијата, по луксузот кој си го уживаат нејзините функционери платени од парите на работниците, реши да ги скрати земјоделските субвенции за цели 40 милиони евра, од 140 на 100 милиони евра, пари кои сега нема да отидат кај земјоделците туку партијата ќе си ги троши за свои потреби.
И оваа е уште една од вестите за катастрофата што и се случува на нашата земја и домашното производство на храна, после веста дека во 2025 година имаме рекорден увоз на храна од над 1,1 милијарди евра, односно, околу 600 милиони евра трговски дефицит кај храната, пари кои наместо кај домашните земјоделци, завршија кај странските корпорации и трговците блиски до партијата на власт“.
Затоа, за да се спречи пропаста на нашето земјоделско производство и да се заштитат земјоделците кои од чесни производители на храна, оваа влада има намера од нив да направи социјални случаи, апелираме, истакнуваат од Левица, на будност и спремност, на неопходно организирање и преземање на работите и судбината во свои раце.

