Македонија
Претседателот Иванов на Меѓународниот форум „Мир и спорт“ во Сочи
Претседателот Ѓорге Иванов, од 31 октомври до 2-ри ноември ќе учествува на шестиот Меѓународен форум “Мир и спорт“, кој се одржува во Сочи, Русија.
Претседателот Иванов, ќе биде еден од главните говорници на свечената церемонија на отворањето на шестиот Меѓународен форум “Мир и спорт“, кој и годинава се одржува под покровителство на Принцот Алберт Втори од Монако. На Форумот е најавено учество на повеќе од седумстотини делегати од стотина земји, меѓу кои политички лидери, претставници од бизнис елитата, од меѓународните организации и граѓанското општество, претставници од Меѓународниот олимписки комитет, како и спортисти.
Mеѓународниот форум „Мир и спорт“ е инициран во 2007 година со цел да придонесе кон одржување и негување на мирот во светот преку спортот, односно поттикнување на соработка и размена на искуства во насока на креирање иницијативи преку кои спортот ќе биде ставен во функција на мирот. По минатогодишното учество на меѓународниот форум „Мир и спорт“, што се одржа во Монако, во шест општини во Македонија се спроведе проектот “Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување“, чиј покровител беше претседателот Иванов. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.