Македонија
Груевски: Изборниот закон е усогласен со ОБСЕ
Само алиби за сопствениот пораз се реакциите на опозицијата дека во Изборниот закон не се вметнати препораките од ОБСЕ и ОДИХР, смета премиерот Никола Груевски.
„Ова што се случува од опозициските партии е алиби за нивниот пораз што следува. Црвенковски е свесен дека ќе загуби на овие локални избори и дека потоа ќе треба да најде некакво оправдување за да остане на функцијата претседател на СДСМ и однапред најавува дека ќе има некакви нерегуларни избори за да може потоа да каже дека тие биле причината што тој ги загубил изборите, а не затоа што нема поддршка од граѓаните поради политиките што ги води СДСМ и самиот тој“, изјави Груевски.
Премиерот уверува дека во Изборниот закон се пресликани сите препораки значајни за локалните избори и дека измените се направени откако претходно подолг период за нив е разговарано со претставници на Европската комисија.
Законот, како што рече Груевски, бил доставен пред Европската комисија да го објави Извештајот за напредокот на Република Македонија.
„Внесени се сите важни работи кои се значајни за следните локални избори и доколку по нив има нови идеи за подобрување на овој Закон, а особено доколку тоа дојде од Европската комисија, преку дискусија и дебата ќе ги разгледаме со можност да ги усвоиме“, рече Груевски.
Најави дека ако се процени дека има потреба, ќе се организира средба на лидерите на политичките партии./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

