Македонија
Потврдена одличната соработка меѓу македонската и босанската армија

Делегација на Вооружените сили на Босна и Херцеговина, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-полковник Миладин Милојчиќ, во четврток и петок престојува во официјална посета на Македонија.
На средбата со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, гостите беа запознаени со трансформацијата на АРМ, како и стекнатите искуства од досегашните мировни мисии во кои учествуваат македонските војници.
Во својата изјава за медиумите, генералот Котески уште еднаш ја потврди одличната соработка меѓу АРМ и Вооружените сили на БиХ, особено во делот на обуката.
Генералот Милојчиќ од своја страна изјави дека соработката меѓу армиите на Република Македонија и Босна и Херцеговина е одличен пример за соработка во регионот.
Генералот Милојчиќ во текот на денот ja посети и Воената Акдемија каде имаше средба со деканот и тројцата питомци од БиХ кои во моментов таму се школуваат. Предвидена е посета и на командата на 1-та пешадиска бригада. /крај/ач/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска, променливо облачно со повремен локален дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во среда ќе има преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во четврток кон крајот на денот и во петок.