Македонија
Се повелече директорката на Фондот за здравство

Директорката на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнаџиева Змејкова и државниот секретат во Министерството за правда Диме Спасов се повлекоа од функциите на нивно лично барање.
Поради истек на мандатот сменет е и директорот на Управата за животна средна Филип Иванов, соопшти владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Змејкова ќе ја замени Јован Грповски, додека владата на позицијата државен секретар во Министерството за правда го именува Илија Ристовски.
За нов директор на Управата за живтона средина е именуван Игор Трајковски./крај/фф//сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пациентите примени во Анкара од денес дишат самостојно, Министертвото со информација за хоспитализираните млади луѓе по пожарот

Министерството за здравство информира дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациенти.
На Клиника за пластична хирургија во моментот се хоспитализирани – 10 пациенти,
На Клиника за токсикологија – 10,
На Торакална – 4,
на трауматологија – 2,
на Детска хирургија – 4,
на КАРИЛ – 13,
На Клиника за пулмологија – 2,
Во ГОБ 8 септември -17,
Во Хируршка клиника „Св Наум Охридски“ -11
Во ОБ Штип – 2
Според информации од медицинските центри во Австрија, од шест пациенти, пет се на интензивно лекување во стабилна состојба, додека еден е префрлен на интерно одделение.
Во Литванија – четири пациенти се на интензивно лекување во стабилна состојба.
Петтемина пациенти повредени во пожарот во Кочани кои беа испратени на лекување во Анкара, Турција, од денес дишат самостојно.
Во Србија во моментот се лекуваат 30 пациенти, кои се на интензивно лекување во стабилна состојба.
Во здравствени установи во Бугарија се лекуваат 14 пациенти, од кои седум се на интензивна нега, а останатите се со помал процент на изгореници и самостојно дишат.
Во Грција се лекуваат осум пациенти, кои се стабилни во моментот.
Во текот на ноќта се очекува пациенти да бидат упатени во европски центри, за што Министерството за здравство изразува благодарност за поддршката која ни се пружа од првиот момент од нашите меѓународни партнери.
Македонија
(Фотогалерија) Скопје плаче: илјадници граѓани оддадоа почит за жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани

Илјадници граѓани на Скопје излегоа за да изразат сочувство и почит за смртта на младите луѓе кои трагично го загубија животот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а преку транспарентите кои ги држеа во рацете, упатија и пораки против корупцијата.
„Лесно запалива држава“; Немаше да има крв ако се е по закон“; „Нивниот единствен грев е што беа родени во коруптивен систем“, гласеа дел од пораките.
Собирот почна со 16 минутен молк за трагедијата што се случи на 16 март, а продолжи без обраќања, додека присутните оставаа цвеќиња и свеќи кај фонтаната на градскиот плоштад.
Тишината во главниот град никогаш не била погласна.
Според последните информации, во пожарот животот го загубија 59 млади луѓе, меѓу кои и седум членови на групата ДНК и полицаец кој бил на должност. Повредени се 196 лица од кои 20 деца. Дел од нив се лекуваат во државата, а дел се хоспитализирани во странство.
Македонија
Забрана за летање дронови во Кочани и Штип

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на дронови дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со нив на територијата на градовите Кочани и Штип.
„Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја“, велат од МВР.
Оперирањето со воздухоплови без екипаж во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство.
Се апелира до граѓаните во овие денови на неизмерна тага и болка во рамки на загарантираното со Устав право на собирање и одржување на протест, истите да се одржат во мирна атмосфера, да се почитуваат веќе донесените одлуки од страна на државните институции и да се почитуваат наредбите и насоките од страна на полициските службеници, во насока на обезбедување на мирот, безбедноста и сигурноста на сите граѓани во државата.