Македонија
Променливо облачно време со северен ветер
Времето во Македонија во петок ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен северен ветер.
Температурата ќе се движи од 5 до 11 степени.
Во Скопје температура до 7 степени. /крај/ухмр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Криминал со употребувани возила и глисери – штетата е 635 илјади денари, вмешан и царински службеник
Поднесени се уште шест кривични пријави за девет лица до Основното јавно обвинителство заради вршење криминални дела со употребувани возила, при што е нанесена директна штета врз Буџетот од 635.827 денари.
„Во еден случај вмешан е и царински службеник за кој е изготвено отказно решение. Случаите се дел од предкривичните постапки на Секторот за контрола и истраги при Царинската управа за криминални дела со употребувани возила за кои извести пред јавноста изминатиот месец“, информиораа од Царинската управа.
Во предкривичните постапки инспекторите уште во еден случај утврдија најгрубо кршење на законските прописи при што возач, увозник и царински службеник се сомничат за внес на товарно моторно возило во државата при што за истото е избегнато плаќање увозни давачки со што е нанесена директна штета врз Буџетот од 256 илјади денари. Во овој случај возилото е одземено, а против сторителите е поднесена кривична пријава и тоа по два основи, кривично дело царинска измама и кривично дело фалсификување исправи. Против царинскиот службеник е изготвено отказно решение.
Кривична пријава заради царинска измама и фалсификување исправа е поднесена и до правно и одговорно лице на фирма за сторено кривично дело царинска измама и фалсификување исправа. Во овој случај станува збор за кривични дела заради плаќање пониски увозни давачки. Сторителите при увоз на товарно моторно возило при царинење на возилото поднеле фалсификувана исправа за преференцијално потекло на стоката со цел истата да биде ослободена од плаќање царина. Ова е утврдено по извршена верификација на приложениот доказ за потекло на стоката со царински орган на земја членка на ЕУ, по што изготвено е решение со кое увозникот се задолжува да плати износ од 236.241 денар.
Во останатите четири случаи Секторот за контрола и истраги поднесе кривични пријави за четири лица заради основано сомнение фалсификување исправи со цел плаќање помали увозни давачки при увоз на глисери и возило со што е нанесена директна штета врз Буџетот во висина од 143.453 денари.
Македонија
Азири: Албанците ја доживуваат најтешката културна дискриминација во време кога Министерството за култура пропагира зголемување на буџетот
Во време кога Министерството за култура и туризам пропагира зголемување на буџетот за културата, реалноста за Албанците е сосема поинаква. Во 2025 година, Албанците ја доживуваат најтешката културна дискриминација во последните две децении. Годишната програма не е само неправедна распределба на фондовите, туку чиста државна стратегија за бришење на албанската култура од институционалната поддршка, реагира Валмир Азири од ДУИ.
Институциите што ја промовираат албанската култура, според него, се оставени на маргините и осудени на минимален буџет.
Во сите главни културни сектори, додава Азири, Албанците не успеале да добијат ниту 12% од буџетот и проектите, третирани како граѓани од втор ред во сопствената држава.
„Наместо да ја поддржи вклученоста на албанските уметници на меѓународната сцена, Министерството за култура го направи спротивното – ги елиминираше Албанците од секоја можност за промоција на нивната уметност и идентитет. 40 милиони денари за Македонците – само 3,5 милиони денари за Албанците. Ова е однапред смислен план за да бидат Албанците невидливи во меѓународната културна сцена. 320 македонски книги финансирани со 39,5 милиони денари, 60 албански книги со 6,6 милиони денари. Со овој третман, албанската литература се третира како безначаен елемент“, додава тој.
Оценува дека ова е тежок удар врз уметничкото наследство на Албанците и стратегија за ограничување на влијанието на албанската култура на националната сцена.
„152 македонски музички проекти – само 35 албански проекти, 52 милиони денари за Македонците – само 7,5 милиони денари за Албанците. Во држава каде албанската музика е една од најразвиените, ваквата распределба на средствата претставува отворен напад врз албанските уметници.
113 македонски проекти со 75 милиони денари. Само 7 албански проекти со 16,5 милиони денари.
Ова е најјасниот доказ за отворена дискриминација и директен обид за уништување на албанските културни фестивали“.
Азири подвлекува дека албанските културни институции се намерно оставени без средства, со цел финансиски да пропаднат и да бидат затворени.
Како што појаснува, оваа систематска дискриминација се случува под Влада, која целосно ја загуби способноста да ги брани интересите на Албанците.
„Ако оваа политика продолжи, албанската култура ќе продолжи да се деградира, а Албанците ќе останат маргинализирани набљудувачи во сопствената држава.
ДУИ ја подржува државната подршка на културата на сите етнички заедници но дискриминторскиот пристап има далекусежни последици“, истакнуваат од ДУИ.
Македонија
Акција во МВР: се истражува Одделот за општи и заеднички работи
МВР со потврда дека се спроведува полициска акција поврзана со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во ова министерство.
-Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за крим полиција и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по насоки на надлежен jавен обвинител во тек се мерки и активности поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во МВР, потврдија од министерството за „Макфакс“.
Според одредени информации, акцијата е поврзана за истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила, но официјална потврда се очекува во текот на денот.