Македонија
Министерот Јанакиески очекува легализирање на 100 илјади дивоградби до крајот на 2013-та
Легализација на повеќе од 100 илјади дивоградби до крајот на 2013 година, очекува министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој заедно со . градоначалниците на Град Скопје и на Општина Центар, Коце Трајановски односно Владимир Тодоровиќ во саботата ги презентираа можностите за изградба на населбите Ново маало, Маџар маало и Крњево во Општина Центар, чии жители по долги години ќе можат да ги легализираат своите градби и да ги доградуваат.
„Во последните два месеца имаме забрзано темпо на легализација на дивоизградените објекти, особено откако инспекторатот беше на терен и им укажа на општините да ги решат проблемите во определен рок согласно Законот за легализација. Очекуваме наредната недела управниот инспекторат да биде повторно на терен за да видиме дали сите општини и постапиле по нивните укажувања. Но, од информациите кои ги имаме веќе доста е забрзан процесот на легализација. Исто така, измените на Законот кои стапија во сила во декември овозможија да има уште поголемо забрзување. Очекувам оваа година над 100.000 дивоизградени објекти да бидат легализирани“, рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Според него, неодамнешното усвојување на Генералниот урбанистички план (ГУП) на Град Скопје ќе го забрза процесот на легализација во сите општини во Скопје. Ќе се даде можност, нагласи, за развој на Крњево и Маџир Маало, што беше едно од главните барања на населението од овој регион.
Скопскиот градоначалник Трајановски рече дека со донесувањето на ГУП-от и одлуката Крушевска република наместо надземна да стане подземна сообраќајница, ќе се надмине долгогодишниот проблем за урбанизацијата населбите Ново маало, Маџар маало и Крњево. Подземната сообраќајница треба да го поврзува булеварот „Македонија“ со булеварот „Александар Македонски“.
„Утврдивме дека најдобрата можност за да можат граѓаните во иднина да ги легализираат своите градби е Крушевска република да биде подземна сообраќајница. За таа цел Градот Скопје по донесувањето на ГУП-от ќе направи сообраќајна студија која ќе ја изготви Градежниот факултет. Со неа ќе се одреди нивото до коешто ќе биде спуштена сообраќајницата, како и нејзината широчина“, рече градоначалникот Трајановски./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.
Македонија
Ѓорѓиевски најавува враќање на празничниот дух, на 15 декември почнуваат настаните на плоштад „Македонија“
На 15 декември почнуваат предновогодишните настани на плоштад „Македонија“.
„Градот Скопје со радост најавува дека годинава празничниот дух повторно се враќа на плоштадот „Македонија“. Со посебна атмосфера, богата програма и многу изненадувања за сите генерации, претстојниот настан го означува почетокот на новогодишните и божиќните празнувања во главниот град“, велат од Градот.
„ Ајде заедно да го осветлиме градот. 15.12.2025 во 18:00 часот. Почитувани скопјани, драги родители, најдраги дечиња, нашиот град е најубав тогаш кога свети од радост, насмевки и празнична магија. А сите ние – и младите, и возрасните ја заслужуваме таа топлина што ја носат Новогодишните и Божиќните празници. Затоа, со огромна радост ве поканувам заедно да го означиме почетокот на едно ново празнично поглавје исполнето со забава, музика, многу подароци и вашите омилени херои кои ќе ги израдуваат најмалите. На 15 декември, во 18 часот, на плоштадот „Македонија“, заедно со вас ќе го осветлиме градот и после неколку години ќе ја почувствуваме првата искра на празничниот дух. Веќе од наредниот ден, па сѐ до самата Нова година, ќе следуваат секојдневни настани и забави за сите генерации. А дочекот, ви ветуваме, ќе биде спектакуларен и незаборавен“, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Притвор за скопјанецот кој насилно упадна во студиото на „Инфомакс“
Судот му определи притвор на 43-годишниот скопјанец кој вчера насилно упадна во студиото на „Инфомакс“.
Според информациите од МВР, полицијата поднесе кривична пријава по брза постапка против Г.С.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела насилство и спречување на службено лице при вршење службено дејствие.
„Имено по претходна пријава од страна на А.М. водител на емисијата ‘Инфомакс’ и по преземени мерки од страна на полициските службеници извршен е разговор со оштетениот и сведоците на настанот, обезбедени се видео записи од безбедносни камери, извршен е службен разговор со пријавениот и документирани се заканувачки пораки од пријавениот кон оштетениот. Тој е изведен пред судија на претходна постапка при што му е изречена мерка притвор“, соопшти МВР.

