Македонија
Се одложи примопредавањето на функцијата министер за одбрана
Министерството за одбрана ја одложи церемонијата за примопредавање на функцијата министер за одбрана за во вторник во 10 часот, откако пратеникот на ДПА, Зијадин Села побара еден час пауза на седницата на Собранието на којашто треба да се гласаат новите министри и заменици во владата.
Паузата ќе трае до 13.25, додека церемонијата беше закажана за во 13 часот.
По оставките на вицепремиерот за евроинтеграции Теута Арифи и на министерот за локална самоуправа Невзат Бејта, кои се кандидираа за градоначалници на претстојните локални избори Собранието ќе гласа за пополнување на испразнетите места во Владата.
Според предлогот што до Собранието го достави премиерот Никола Груевски, со евроинтеграциите треба да раководи Фатмир Бесими, актуелен министер за одбрана, а за нов министер за локална самоуправа е предложен Тахир Хани, сега заменик-министер за транспорт и врски.
Пратениците треба да се изјаснат и за избор на нов министер за одбрана по испразнетото место на таа функција заради ротирањето на Бесими во ресорот евроинтеграции. Груевски предлага со одбраната да раководи Талат Џафери, координатор на пратеничката група на ДУИ.
Пратениците ќе гласаат за замениците министри за внатрешни работи, за транспорт и врски и за финансии.
Стојанче Ангелов, претседател на „Достоинство“ побара Талат Џафери да не биде изгласан за министер за одбрана и потсети дека Џафери за време на конфликтот во Македонија во 2001 година бил дел од ОНА и дезертирал од АРМ за да и се приклучи на оваа формација.
„Премиерот Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ го предлага командантот Талат Џафери од УЧК за министер на македонската армија. Истата онаа армија против која Талат се бореше во 2001 година. Истата онаа армија чии војници Талат ги убиваше или даваше наредби да се убиваат. Ако Талат толку сака да биде министер, нека биде министер за земјоделие. Тоа што го ставаат министер за одбрана е само ставање сол на рана “ изјави Ангелов./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Нов буџетски форум, со центарци денеска ги дефинираме приоритетите за 2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува сите жители да присуствуваат на буџетскиот форум за 2026 година, кој ќе се одржи денеска, 10 декември, во 19:00 часот, во ООУ „Димитар Миладинов“.
Форумот претставува можност граѓаните директно да се запознаат со општинските политики, да предложат проекти и идеи што ќе придонесат за подобрување на условите за живеење и да бидат дел од оформувањето на буџетот за наредната година, известуваат од Општината.

„Заедно со граѓаните реализиравме голем број успешни и значајни проекти, а така ќе биде и во наредниот период. Ги поканувам центарци да ги дефинираме приоритетите што ќе придонесат за развој на нашата општина,“ истакна Герасимовски.
На форумот ќе учествуваат раководителите од општинската администрација, претставниците на месните и урбаните заедници, претставници на невладиниот сектор, како и сите жители што сакаат активно да учествуваат во формирањето на општинскиот буџет.
Општина Центар останува посветена на транспарентно, отчетно и инклузивно донесување одлуки, со цел да се обезбедат проекти што ги одразуваат реалните потреби на заедницата, се додава во соопштението на Општината.
Македонија
(Видео) Мециновиќ: Институциите гледаат, знаат, намерно молчат – само за пари и профит
Пратеникот на партијата Левица, Амар Мециновиќ, на Анкетната комисија иницирана од родителите на загинатите во Кочани, истакна дека централниот елемент на дискусијата треба да биде недостатокот на одговорност од страна на институциите. Тој истакна дека кога се случи трагедијата, на сите им било јасно дека системот потфрлил, но проблемот, според него е во тоа што институциите се изземени од одговорност заради приватниот интерес кој генерира пари на незаконски начин.
„Централниот елемент на ова дискусија треба да биде дека во оваа држава некој дозволува да не се следат законите, да не се следат прописите и да не постапуваат институциите само заради една работа, а таа работа не ја кажа никој тука, тоа се парите. На нас трагедии ни се случуваат затоа што институциите молчат пред приватниот интерес кој генерира пари на незаконски начин. Институциите молчат пред луѓето кои имаат политички врски само за да генерираат профит. Тоа го видовме и од преписките кои излегуваа во медиумите и од процесот. Значи нашите институции гледаат, знаат, намерно молчат“, истакна Мециновиќ.
Понатаму во своето излагање Мециновиќ праша каде завршуваат парите заради кои институциите гледаат, молчат и со тоа потфрлаат.
„Мене ми е апсурдно да зборуваме за процедура денеска. Ние конечно треба да се одважиме да го одговориме прашањето – Каде завршуваат крвавите пари заради кои се случуваат овие трагедии?“.
Македонија
Уште 10 дена за аплицирање за ваучери за ИТ уреди, известува Министерството за дигитална трансформација
Министерството за дигитална трансформација известува дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери.
Досега се доделени вкупно 42.606 ваучери, од кои се искористени 27.426.
„Согласно актуелниот проект на Владата, кој се реализира во соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за образование и наука, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за електронски уреди за студентите на додипломски студии, запишани во учебната 2025/26 година.
Потсетуваме дека рокот за аплицирање од страна на студентите е до 20.12.2025 година, а искористувањето на ваучерите ќе биде со рок до 31.12.2025 година“, соопштуваат од Министерството за дигитална трансформација.
фото: unsplash

