Македонија
Бесими: Македонија ќе успее во евроатлантските интеграции
Република Македонија ќе успее во евроатлантските интеграции, ќе успее да стане дел од развиениот свет и ние ќе успееме да оставиме подобра иднина за генерациите кои доаѓаат.
Со вакво лично уверување Фатмир Бесими во вторникот му ја предаде функцијата Министер за одбрана на неговиот наследник, Талат Џафери.
Во својот говор при примопредавањето на функцијата, Бесими се осврна на сработеното како министер за одбрана во изминатата година и половина.
„Во овој период работевме транспарентно, чесно, отворено и посветено во остварување токму на овие цели. Воедно, реализиравме повеќе проекти и иницијативи кои беа започнати, а и започнавме нови. Има и работи кои остануваат за реализација за понатаму, убеден дека ќе се збогатат со нови идеи во иднина“, рече досегашниот министер за одбрана Бесими.
„Не би ја испуштил приликата да кажам дека Република Македонија останува со својот придонес покрај земјите-членки на НАТО и ООН во меѓународните мировни мисии. Наш заклучок е дека остануваме во Авганистан и по 2014 година рамо до рамо со останатите земји на НАТО да придонесеме кон демократизацијата и развој на оваа земја. Со новата формација на Армијата целиме кон 50% интероперабилност и 90% пополнетост на Армијата на Република Македонија, која претставува професионална армија која ќе продолжи да ги извршува задачите во меѓународните мировни мисии“, рече Бесими пред својот наследник Џафери.
„Во остварувањето на нашите цели остануваат и отворени предизвици. Она што сакам да го потенцирам е дека останува нашата цврста заложба и задача да чекориме кон полноправно членство во НАТО каде што покрај отворените политички предизвици во одбраната останува и предизвикот да се реализира Долгорочниот план за развој на одбраната, а во тој контекст и модернизацијата на АРМ. Овие беа тешки економски години, кои директно влијаеле на буџетот на одбраната“, рече Бесими.
Тој на Џафери му посака успешна реализација на овие предизвици и изрази убеденост дека неговиот наследник ќе направи уште повеќе за одбраната и Армијата, во функција на граѓаните на Македонија.
„Ние треба да ја градиме Република Македонија како држава која секој ќе ја чувствува како свој дом. Македонија на еднаквите, Македонија меѓу еднаквите во НАТО и ЕУ, порача Бесими на примопредавањето на функцијата.
Инаку, Бесими е нов Вицепремиер задолжен за европски прашања. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Во 2023 година, Владата предводена од СДС извршила измени на Правилникот за одгледување канабис за медицински цели, кои се косат со важечкиот закон што ја регулира оваа област, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со измените во член 2 од Правилникот е предвидено канабисот да може да се одгледува и на отворен простор (површина или земјиште), иако во законот и во претходната верзија на правилникот беше утврдено дека одгледувањето за медицински цели се врши исклучиво во затворен простор.
СДС и Заев со ваквиот подзаконски акт овозможиле производство на канабис на нива, што отвора сериозни дилеми во однос на исполнувањето на ГМП стандардите. Доколку не се исполнети овие норми, финалниот производ, маслото од канабис не би можел да биде соодветно лиценциран ниту пласиран во промет за потребите на пациентите.
Владата на СДС на чело со Заев и Филипче свесно и намерно го сменила правилникот.
Во 2020 СДС на чело со Заев и Филипче имаа иницијатива за поширока легализација на марихуаната, како и на значителното зголемување на бројот на издадени лиценци за медицински канабис, особено во струмичкиот регион“.
Според владејачката партија, сомнежите и индициите за злоупотреба на производството на канабис и криминалот со дрогата дополнително се зголемија по заплената на голема количина марихуана од компанија во Ново Село, поврзувана со лице блиски на СДС и Заеви.
Прашуваат, зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на Закон, кои им биле мотивите и колку профитирале.
„Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Потребни се ред, одговорност и темелна институционална истрага. Надлежните органи треба целосно да ги испитаат сите наводи и сомнежи“.
Македонија
„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 луѓе. За ова говоревме минатата година во „Афера – Провизии кои чинат животи’’ каде посочивме на низа пропусти и недоследности, но продолжената рака на СДС Коцевски, цврсто ги чуваше кривичните пријави и докази за Филипче во фиока“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Според сведоштвото на Кадриу, вечерта на несреќата таа била повикана да се вклучи во истрагата, а подоцна ѝ се приклучиле и претставници од обвинителство меѓу кои тогашниот ДЈО Јовевски кој дошол со двајца свои обвинители.
Улогата на ДЈО Јовевски и останатите била процесот да го држат под нивен надзор и контрола.
Според Кадриу, околу 30 милиони евра биле обезбедени за изградба на овие објекти. Светската банка тогаш одобрила средства за изградба на модуларни болници на територија на Македонија.
Венко Филипче бил министер кога се изработувала техничката спецификација за модуларните болници. Градбата на модуларната болница, била направена од панели рециклирани со пурпена, кои тогаш не чинеле повеќе од 5-6 евра. Додека пак, оние подобрите и поквалитетните, како на пример панели со камена волна кои не горат до 40 минути, чинеле околу 17 евра. Во превод, според Кадриу, овие модуларни болници чинеле околу 300.000 евра, сите, а биле обезбедени за оваа намена 30 милиони евра.
Во чиј џеб завршиле парите?
Дополнително за објектот во Тетово, не бил изработен соодветен елаборат за електрична енергија, што дополнително влијаело на безбедноста.
Зошто немало соодветен елаборат за електрична енергија?
Зошто не се користеле квалитетни материјали?
Зошто се искористени минимум од дозволените средства?
Филипче одбил алтернативни предлози за згрижување на ковид-пациенти во рамки на постојните болнички капацитети.
Филипче ја одбил понудата на тогашниот медицински директор, кој понудил сместување на КОВИД пациенти, на двата спрата во тетовската болница кои стоеле така празни. Филипче тоа го одбил, поради тоа што овие модуларни болници морале да бидат изградени.
Вистинските виновници за модуларната болница во Тетово мора да одговараат пред законите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Празнувајте со срце, возете со разум – без алкохол зад воланот на овој празник на виното и љубовта, апелира РСБСП
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници за внимателно, совесно и одговорно учество во сообраќајот за време на празникот на виното и љубовта 14 Февруари – Свети Трифун и Ден на вљубените.
„Празниците се време за радост, блискост и споделени мигови со саканите. Но, вистинското прославување е онаа по која сите безбедно се враќаме дома. Затоа, не дозволувајте момент на невнимание да ја засени убавината на празникот. РСБСП потсетува: – Доколку консумирате алкохол – не седнувајте зад волан. Изберете јавен превоз, такси или возач кој не конзумирал аклохол. – Возете внимателно, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи,грижете се за безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Сакајте и почитувајте го својот и животот на другите – затоа што секој живот е важен“.

