Македонија
По отказот во Алфа, новинарот Зоран Иванов се откажува од сите новинарски награди

Новинарот Зоран Иванов, кој во среда доби отказ од телевизијата Алфа, ќе ги врати сите новинарски награди што ги има добиено во знак на револт од состојбите во новинарството.
Тој се откажува и ги враќа трите државни награди „М.Х. Јасмин“, двете „К.П. Мисирков“ за најдобар новинар на годината, наградата за „Животно дело“ во новинарството и сите други многубројни новинарски награди и признанија.
„Новинарството во Република Македонија е поразено и јас сум дел од тој пораз. На македонското новинарство му треба револуција и нов почеток. Верувам во тоа и во таа насока ги поттикнувам младите новинарски генерации“ пишува Иванов во соопштението до јавноста.
По четириесет години новинарска работа, Иванов пишува дека не може да биде дел од македонската новинарска историја.
„Вулгарната дневна политика го купи, го присвои, го окупира целиот македонски медиумски и новинарски простор. Го промовираше во картелска пропагандна машинерија, ги обесправи и ги понижи новинарите и ги вјарми во алатки за бесрамни манипулациии. Во плурална Македонија новинарството ја загуби смислата. Тоа стана егзекутива на политиката управувана од владејачкиот партиски пропаганден центар“ додава Иванов.
Како што јавија некои портали, досегашниот одговорен уредник во телевизијата „Алфа“ среде емисија го добил решението за престанок на работниот однос со образложение оти со новата програмска шема „немал доволен ангажман“. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Рашче има приведени поради пукање на свадба

Две лица беа приведени вчера во скопското село Рашче поради пукање на семејна веселба.
„Околу 22 часот во СВР Скопје е пријавено дека се слушаат истрели во селото, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и утврдено е дека Е.К. и Б.К. со гасни пиштоли пукале на свадба“, соопшти МВР.
Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ и натаму бара оставка од обвинителот Коцевски

ВМРО-ДПМНЕ и денеска упати јавен повик до обвинителот, Љупчо Коцевски, да си поднесе оставка поради, како што велат, компромитирање на независноста на Обвинителството. Партијата го обвинува Коцевски дека ја претворил обвинителската функција во партиски сервис на СДСМ и ДУИ, со што, според нив, ја довел правдата во заложништво на политичките интереси.
Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека со негласањето на интерпелацијата во Собранието, СДСМ ја покажало својата поддршка за Коцевски како чувар на нивните функционери од кривична одговорност.
Партијата посочува дека довербата во обвинителот е падната под 2 проценти и дека тој, и покрај изгласаниот притисок и интерпелацијата, одбива да поднесе оставка.
Македонија
Царините на Трамп стапија во сила, стапката за Македонија е 15 отсто, како и за земјите од ЕУ

Царините на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од десетици земји, кои се движат од 10 до 50 проценти, стапија ВО сила и ја ставија на тест стратегијата на републиканците за намалување на трговскиот дефицит.
Царинската и граничната заштита на САД (CBP) започна со собирање повеќе царини во 00:01 часот по источно време, по недели неизвесност околу конечниот процент на мерките на Трамп и забрзаните преговори со земјите од целиот свет кои сакаа да ги намалат.
Основен процент од 10 проценти претходно беше воведен за увоз од многу земји откако Трамп ги паузираше повисоките царини објавени на почетокот на април. Но, американскиот претседател оттогаш често ги менуваше своите планови, па затоа воведе повисоки стапки за некои земји.
Ова вклучува 50 проценти увоз од Бразил, 39 проценти од Швајцарија, 35 проценти од Канада, Србија, и 25 проценти од Индија. Во среда, тој објави дополнителна царина од 25 проценти за увозот на руски енергетски производи од Индија, која ќе стапи во сила за 20 дена.
Во пресрет на стартот на царините, Трамп зборуваше за милијарди долари што ќе се влеат во САД, главно од земји за кои тврди дека ги искористиле САД.
Осум големи трговски партнери кои сочинуваат 40 проценти од трговијата со САД постигнаа рамковни договори со Вашингтон, вклучувајќи ја Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја. Тие обезбедија основна каматна стапка од 15 проценти. Велика Британија се согласи на 10 проценти, а Виетнам, Индонезија и Филипините помеѓу 19 и 20 проценти. Стапката за Македонија, како што претходно беше објавено, изнесува 15 проценти.