Македонија
Променливо облачно со повремен дожд и снег
Времето во Македонија во петок ќе биде прoменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд на планините со снег, особено предпладне.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Температурата ќе се движи од 3 до 11 степени.
Во Скопје температура до 8 степени. /крај/ухмр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да го видиш, не дочека слобода… не изедоа по затвори“
Пријателите се простуваат од Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“ кој почина на 54-годишна возраст.
„Почивај во мир Игор… Не дочека синот да го видиш, не дочека слобода …не изедоа по затвори.!“, напиша Горан Ангелов-Ќосето.
„Игор Југ починал утрово од срцев удар. Не доживеа да види слобода. Бог да го прости и на душа нека го носат оние кои прво го искористија па го оставија да изгние во зандана!!! А и оние кои го затворија сто години за “носење на пиштол” кој никој не го видел!“, напиша Јанаки Митровски.
„Игор Југ не дочека да го види светлото на денот, а да не е преку решетки. Неправилно осуден, фамилијарен човек, сопруг татко, мој другар. За нешто што не направил (ова одговорно го тврдам) коските му скапаа по зандани а неговиот цврст карактер и неговата пркос не му дозволија да се помири со неправдата“, напиша Драган Пешевски.
„Чесен и исклучителен патриот, едноставен, директен и правдољубив, таков те запознав во мојот живот и таков ќе останеш засекогаш“, пишува Митко Чавков.
Македонија
Стефковски: Дојавите за бомби во 10 училишта во Гази Баба се лажни
Утрово во 10 општински основни училишта на територија на општина Гази Баба пристигна дојава за поставена бомба.
Веднаш по примените дојави, училиштата согласно утврдените протоколи пријавиле во полиција, часовите беа прекинати, а учениците заедно со наставниците оддалечени на безбедно надвор од училиштата, информираат од Општина Гази Баба.
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски по информациите добиени од директорите, разговараше со надлежните институции кои веднаш превземаа активности за извршување на соодветни проверки по што беше утврдено дека се работи за лажни дојави.
Тимови од Министерството за внатрешни работи извршија соодветни проверки во сите Основни училишта во Гази Баба каде утрово пристигнаа дојави за бомби и е утврдено дека се работи за лажни дојави.
„Благодарност до Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и до полициските службеници за брзата реакција и експресното спроведување на безбедносните проверки.
Во оние училишта каде има настава во втора смена, истата ќе се одвива согласно предвидените распореди за оддржување настава.
Благодарност и до родителите за соработката, трпението и разбирањето кое го имаа ова утро“, напиша Стефковски на социјалните мрежи.
Македонија
Последната објава на Игор Југ посветена на ќерка му: Животот ти помина со татко во затвор, а тоа го чека и твојот брат кој наскоро треба да се роди
На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“.
Тој на социјалните мрежи споделил статус преку кој и го честита роденденот на својата ќерка и и порачува дека еден ден таа и брат и ќе разберат што сака да им каже.
„Среќен седми роденден Катерина! Уште од раѓање животот ти помина со татко во затвор! Тоа најверојатно го чека и твојот помал брат, кој наскоро треба да се роди.
Запомни, тоа ви го направија „чичковците“ кои ја водат оваа држава. И претходните и актуелните!!!“, пишува Игор Југ.
Еден ден ти и брат ти ќе разберете што тато сака да ви каже, додава тој.