Македонија
Формален почеток на набљудувањето на ОБСЕ/ОДИХР од понеделник
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/35bf99fe-5dc9-430f-a222-8556b5e3926f.jpeg)
Формалното отворање на Набљудувачката мисија за избори испратена од страна на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ, која ќе ги набљудува локалните избори кои ќе се одржат на 24 март во Република Македонија, почнува во понеделник.
Амбасадорот Герт-Хајнрих Ахренс, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ќе ги претстави улогата и активностите на мисијата.
Набљудувачката мисија за изборите и Мисијата на ОБСЕ во Скопје функционираат независно, секоја согласно својот засебен мандат.
ОБСЕ ќе распореди 20 долгорочни и 300 краткорочни набљудувачи за мартовските локални избори во Македонија. /крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Скопје
МВР: Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/policija-mvr.jpg)
Министерството за внатрешни работи извести дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување.
Напоредно со ова се врши и проценка на степенот на загрозувањето во меѓусебна координација на безбедносно-разузнавачките служби, преку формиран оперативен штаб во рамки на Министерството.
Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.
Воедно, Министерството за внатрешни работи повикува и апелира за смиреност во јавноста и воздржување од ширење на дезинформации околу ваквите настани што инаку вчера беа евидентирани и во други земји во регионот.
Македонија
Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/igor-jug.jpg)
На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“.
Тој беше осуден на 12-години затвор, а последниве осум ги помина зад решетки. Беше на прекин од издржување на казната поради влошената здравствена состојба.
Скопје
Утре без струја дел од Центар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/09/bez_struja.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе остане дел од општина Центар.
Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Шумадиска ќе останат без струја.