Македонија
Дозволената вредност на афлатоксини во млекото во Македонија останува 0,05
По последните информации од Република Србија поврзани со најавата за зголемување на максимално дозволеното ниво на афлатоксинот М1 во млекото од 0,05 на 0,5 микрограми на килограм, Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, одлучи максимално дозволеното ниво од 0,05 микрограми на килограм да остане кај нас.
„Македонското законодавство во делот на безбедноста на храната, во целост е хармонизирано со европското, кое важи за едно од најригорозните кога е безбедноста на храната во прашање, бидејќи само на тој начин можеме да гарантираме и обезбедиме соодветна заштита на македонските потрошувачи”, појаснуваат од АХВ.
Македонија нема да го забрани увозот на млеко и млечни производи од Република Србија и покрај евентуалната промена во подзаконските акти со кои се зголемуваат максимално дозволените концентрации на афлатоксинот М1 во млекото.
Меѓутоа, при увозот на млеко и млечни производи ќе се применува македонското законодавство, односно во Република Македонија ќе може да се увезуваат само млеко и млечни производи кои ги исполнуваат условите од важечкиот правилник, односно ќе мора да го исполнуваат условот за максимално дозволена концентрација на афлатоксин М1 до 0,05 микрограми на килограм.
Во врска со најавите за формирање на заедничка, регионална лабораторија, Агенцијата за храна и ветеринарство цени дека засега нема потреба од вршење на лабораториски анализи на домашното млеко во заедничка лабораторија, односно дека ваквиот предлог би бил прифатлив единствено во случаите кога за одреден производ ќе биде побарано вршење на суперанализа. Република Македонија има соодветни акредитирани лабораториски капацитети и квалификуван, стручен кадар за вршење на соодветните анализи во делот на присуството на афлатоксини./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

