Македонија
Катар заинтересиран за инвестиции во енергетиката, туризмот и производство на храна
Премиерот Никола Груевски во вторник попладне се сретна со претседателот на Владата и министер за надворешни работи на државата Катар Шеик Хамад бин Џасим бин Џабир Ал-тани.
„Република Македонија и државата Катар се пријателски земји и оваа наша средба е уште една потврда за успешниот нагорен тренд и развојот на севкупните односи и тоа претставува продолжување на дијалогот на највисоко политичко ниво”, рече Груевски.
Тој додаде дека на средбата било разговарано за унапредување на билатералните односи помеѓу двете земји, како на политички така и на економски план, но и во сите останати области од взаемен интерес како што се здравството, образованието, културата и друго.
„Исто така беа посочени и конкретни области каде има заеднички интерес и можности за катарски инвестиции во различни области, во областа на енергетиката, во областа на туризмот, производството на храна и во други облоасти во кои што е покажан интерес од нивна страна и се разбира дека ние ќе ги следиме сите нивни идеи и желби и тука сме да помогнеме во тој правец”, посочи Груевски.
Двајцата премиери разговарале и за можноста од отворање на директна авио врска Скопје-Доха.
„Се чувствуваме дека ова е вистинското опкружување за започнување на бизнис. Денеска разговаравме за четири или пет идеи за кои штои веќе испративме наш тим од Катар во јануари. Тие веќе разговараа со нивните соговорници за развој на овие четири идеи, рече тој и напомена дека во текот на денешниот ден ќе има разговори за ова и како што рече во наредниот период остатокот од катарскиот тим ќе дојде во Македонија за да видат каде може да се развиваат овие идеи”, рече Џабир Ал-тани
По средбата меѓу Груевски и Ал-тани беа потпишани два меморандума во делот на здравството и во делот на соработката меѓу стопанските комори на двете земји.
Министерот за здравство на Република Македонија Никола Тодоров и министерот за економија и финансии на Државата Катар Јусуф Хусеин Кемал потпишаа Меморандум за разбирање за соработка во областа на здравството. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајка на патот Прилеп-Битола, сообраќајот во прекин
Од 21 часот сообраќајот на регионалниот пат Р – 1101 Прилеп – Битола кај селото Тополчани е во прекин.
Како што соопшти АМСМ во вонредниот извештај, прекинот е поради случена сообраќајна несреќа.
Во моментов нема податоци за учесниците во несреќата, ниту за можни повреди.
Македонија
Филипче со куфер сликан на аеродром, СДСМ обвинува за следење: „Се враќаме во периодот пред 2016 година“
Опозициската СДСМ денеска обвини дека се врши следење на претседателот на партијата Венко Филипче, оценувајќи дека станува збор за методи карактеристични за периодот пред 2016 година.
Повод за реакцијата, како што наведуваат од СДСМ, е фотографија објавена во јавноста на социјалните мрежи, а на која Филипче е снимен на аеродром, и се тврди дека патува за Дубаи, што партијата го оцени како обид за јавен линч и индиректно признание дека се врши следење и притисок врз опозицијата.
„Ова е добро познатата школа на Никола Груевски, кога безбедносните служби беа ставени во функција на следење на опозицијата“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ тврдат дека, покрај следењето, постојат и обиди за прислушување, оценувајќи дека државата повторно се движи кон мракот и дека се применуваат исти методи како во минатото – следење, фабрикување вести и пласирање, како што велат, лажни афери, со цел дефокус од актуелните теми.
Во соопштението се нагласува дека Филипче патува со редовни комерцијални летови, секако не оди во Дубаи, и не користи владини авиони или приватни летала, за разлика од премиерот Христијан Мицкоски, кого СДСМ го обвинува за луксузирање и злоупотреба на државни ресурси.
Според партијата, целта е дефокус, за луѓето да не бидат информирани за „мигранти за пари“, криминал и корупција.
Македонија
Костовски: Левица гласаше против поликлиника, водовод, мостови, финансиска помош за новороденчиња
Левица Бутел тргна цврсто по стапките на ДУИ во општина Бутел, отворено гласаше против се што ќе набројам, пишува градоначалникот Дарко Костовски на социјалните мрежи.
„На седница за буџет, советникот на Левица Бутел гласаше против:
-Нова поликлиника
-Доизградба на водоводот за Љубанци и Љуботен
-Традиционален турнир во Баскет во Радишани
-Традиционален турнир во фудбал за загинати бранители во Љубанци
-Нов мото собир во Бутел
-Детска градинка во населеното место Бутел 2
-Нова фасада на ООУ СВ Климент
-Изградба на пливачки затворен базен во ООУ “Ацо Шопов”
-Нови мостови на река Серава во Радишани
-Уредување и чистење на речното корито на Река Серава
-Финансиска помош за новороденчиња
-Реконструкција на клучните сообраќајници во општина Бутел
-Реконструкција и ревитализација на голем број на помали сервисни улици
-Изградба на нова и реконструкција на постоечката атмосферска и фекална канализација
-Изградба на нови спортско рекреативни центри
-Радишани
-Бутел 1, два спортски центри
-Нови детски игралишта
-Нови спортски игралишта
-Нов пешачки и пристапни патеки
-Поддршка на спортски клубови
-Спортски стипендии
-Парична помош за пензионерите
-Зголемен број на финансиски средства за помош на социјално загрозени семејства
-Финансии за културни и спортски настани
Добро е и тие малку граѓани што гласаа за Левица во Бутел да видат за што гласале, тој глас полека директно се претвара во глас за ДУИ. Одговорно тврдам.
Се надевам ова ќе ми биде последниот статус кога ќе направам равенство помеѓу Левица и ДУИ. Дека последен пат ќе се сомневам дека соработуваат. ДУИ ги интересира само згради во Бутел и тоа веќе на сите е јасно, Левица нема “причина” да биде неразумна !
Давам можност и време да се вразумат. Искрено го правам тоа.
Бутел ќе се развива се повеќе, и ќе се чува се повеќе, нема да дозволам бандити пак да ја водат општината. Затоа што народот јасно покажа каде да се движиме“, додава Костовски.

