Македонија
Македонија во средината според Индексот на демократија за 2012 година
Македонија се најде на 73 место (од 165 земји) според Индексот на демократија за 2012 година на лондонски Економист.
Од регионот повисоко од Македонија се рангирани Србија (66), Бугарија (54), Хрватска (50), Грција (33), Словенија (28), а пониско ниво на демократија (според овој Индекс) имаат Црна Гора (76), Албанија (90), Босна и Херцеговина (98).
Највисоко рангирани се скандинавските земји. На врвот на листата се најде Норвешка, по неа Шведска, Исланд, Данска.
Следат Нов Зеланд (5), Австралија (6), Швајцарија (7), Канада (8), Финска (9), Холандија (10).
Според Индексот на демократија на Економист за 2012, најнедемократска држава е Северна Кореја, а на дното се и Гвинеја-Бисау, Чад, Сирија, Саудиска Арабија, Туркменистан, Узбекистан.
Индексот ја мери состојбата со демократијата во 165 земји, и се базира на пет категории: изборен процес и плурализам, граѓански слободи, функционирање на власта, политичка партиципација и политичка култура.
Македонија од можни десет поени има вкупен резултат 6,16. За изборниот процес и плурализмот сме оценети со 7,75, за функционирањето на Владата со само 4,64, за политичката партиципација со 6,11, за политичката култура со 4,38. Највисока оценка Македонија доби за граѓанските слободи, 7,94.
Во годинешниот извештај насловен „Демократијата во застој” се напоменува дека голем број од Западните земји се борат да ги задржат своите долгогодишни демократски системи поради политичките пресметки, како и жртвувањето на националните слободи во име на националната безбедност.
Така на пример САД се најдоа на 21 -то место на листата, зад Уругвај и Јужна Кореа.
Во целост се нагласува дека демократијата на светско ниво во изминатата година бележи застој, затоа што не е забележан ниту позначаен напредок ниту пак застој во демократијата. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

