Македонија
Груевски од Мексико побара укинување на визите за македонските граѓани
Премиерот Никола Груевски, кој е во посета на Мексико побарал земјата да ги укине визите за македонските граѓани.
По средбата со претседателот на Мексико кој истовремено е и претседател на Владата, Енрике Пена Нието, Груевски изјави дека Нието бил зачуден што се уште имало визи за македонските граѓани и договориле во наредниот период да започне процедурата за укинување на визите за македонските граѓани откако Македонија ги укина визите за граѓаните на Мексико.
Нието истакнал дека ќе го вложи својот авторитет за овозможување на визна либерализација помеѓу двете земји, како и за регулирање на правната рамка за соработка во економијата.
Средбата на Премиерот на Македонија и Претседателот на Мексико е прва политичка средба на највисоко политичко ниво помеѓу двајца државници од двете земји од стекнувањето на независноста на Македонија.
Соговорниците истакнаа политичка волја за интензивирање на процесот воспоставување на правна рамка за регулирање на односите помеѓу земјите, особено на полето на економијата.
Во таа насока било констатирано дека треба да се започне со процес на подготовка на акти за избегнување на двојното оданочување, за заштита на инвестициите и за овозможување на услови за слободна трговија, за што соговорниците изразија спремност за лично учество во текот на процесот.
Премиерот Груевски ја истакнал интенцијата на нашата земја за градење на продлабочени односи со Мексико во секоја сфера од взаемен интерес. Тој ги презентираше и поволностите кои нашата земја ги овозможува на странските инвеститори и го истакна и економските аспект на посетата на владината делегација.
Во понеделникот Груевски се сретна и со претседателот на Сенатот на Соединетите Мексикански Држави, Ернесто Корадо.
На средбата биле констатирани добрите односи кои владеат помеѓу двете земји и беше изразена подготвеност за нивно понатамошно продлабочување и унапредување.
Соговорниците ја истакнаа својата посветеност за унапредување на меѓусебните односи на полето на економијата, пред се во областа на соработка во инвестициите.
Премиерот Груевски ја предводи владината делегација која е во политичко – економска посета на Мексико, а претходно беше и во Аргентина и Бразил./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ако авионот бил користен согласно прописите, Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски, бара СДСМ
Владата на Мицкоски, во обид да го оправда неговото луксузирање со владиниот авион на Јадранско море соопшти јавно дека наводно „авионот бил користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење“, и дека „секое користење е евидентирано, документирано“, истакнуваат од СДСМ.
„Ако навистина авионот бил користен согласно процедурите, бараме Владата да го докаже тоа.
Бараме Владата да го објави списокот на патници, кој бил заедно со Мицкоски во владинот авион“.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.

