Македонија
Ленка и ССНМ оспорија пред Уставен неколку членови од Законот за работни односи
Движењето за социјална правда Ленка и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници ССНМ покренуваат Иницијатива пред Уставен суд за поведување постапка за оценување на уставноста и укинување на дел од одредбите за утврдување репрезентативност на синдикатите во Законот за работни односи.
Станува збор за одредбата (Член 213-в, ст.2, ал.2 и ст.3–4 од ЗРО) која што налага синдикатите за да добијат репрезентативност мора да поднесат „список на членовите кои плаќаат членарина заверен од страна наовластен претставник на синдикатот и работодавачот“ како и одредбата „Работодавачот е должен, на барање на синдикатот, да издаде потврда со списокот на членовите на синдикатот кои се вработени кај него и плаќаатчленарина.“
„Овие одредби кои наложуваат списокот на синдикалните членови дополнително да се верификува и од страна на работодавачот претставуваат директно мешање во внатрешните работи на синдикатот и се неспоиви со начелата на „слободно синдикално здружување“ и „дискретно [тајно] синдикално членство“ и како такви е во директна спротивност со уставот на Република Македонија, со самиот Закон за работни односи, но и со редица меѓународни конвенции и стандарди на Обединетите нации, Советот на Европа и Меѓународната организација на трудот (МОТ)“ реагираат од организациите.
Кон оваа Иницијатива за оценување на уставноста и бришење на спорните одредби од Законот за работни односи како потписници се приклучуваат и Синдикатот на вработените во управата, правосудството и здруженијата на граѓани (УПОЗ) како и Самостојниот синдикат на клиничките центри (ССКЦ) .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ако авионот бил користен согласно прописите, Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски, бара СДСМ
Владата на Мицкоски, во обид да го оправда неговото луксузирање со владиниот авион на Јадранско море соопшти јавно дека наводно „авионот бил користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење“, и дека „секое користење е евидентирано, документирано“, истакнуваат од СДСМ.
„Ако навистина авионот бил користен согласно процедурите, бараме Владата да го докаже тоа.
Бараме Владата да го објави списокот на патници, кој бил заедно со Мицкоски во владинот авион“.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.

