Македонија
Иванов на Воскресната литургија во Бигорски

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ноќта во саботата ќе присуствува на свечената Воскресна литургија којашто ќе се одржи во Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител”.
Инаку, и за овој Велигден, во Бигорски манастир, како по традиција, се очекува масовно присуство на верници од Дебарско кичевската епархија.
Во истата Дебарско-кичевска епархија, во кичевскиот православен храм „Свети Петар и Павле” на Воскресна литургија годинава ќе присуствува премиерот Никола Груевски./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Книга на жалост во следните шест дена ќе биде отворена во Собранието

Собранието од 18 март во 10 часот ќе отвори Книга на жалост за загинатите во огромната несреќа во Кочани.
Книгата на жалост е отворена за сите граѓани во следните 6 дена, секој ден во периодот од 10 до 19 часот.
Граѓаните кои сакаат да се потпишат во Книгата на жалост може да влезат во Собранието преку страничниот влез – од страната на АРМ.
Во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 59 млади луѓе, а 162 се повредени, од кои десетици се испратени на лекување во странство со тешки изгореници. Досега се уапсени 11 лица. Претходно денес беше објавено дека починал и возачот на брзата помош од Кочани, Иле Гоцевски, кој ги превезувал повредените. По трагедијата и трауматичниот работен ден, дошол дома и заспал, и повеќе не се разбудил.
Македонија
Парична помош од општина Куманово за семејствата на настраданите и повредените во трагичниот настан во Кочани

Денеска се одржа Вонредна седница на Совет на општина Куманово со една точка на дневен ред – “Предлог – Одлука за доделување на парична помош од буџетот на општина Куманово по трагичниот настан предизвикан од пожарот во дискотеката во Кочани кој се случи на 16.03.2025 година”.
По едноминутно молчење, во знак на почит кон настраданите во дискотека во Кочани, едногласно беше усвоена Предлог – Одлуката за доделување на парична помош од буџетот на Општината, во износ од 2 милиони денари, од кои 1 милион денари за семејствата на загинатите и 1 милион денари за повредените во немилиот настан во Кочани
Македонија
Никој не смее да биде поштеден од одговорност, ова не е време за политички пресметки, рече Венко Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипле, изјави дека трагедијата во Кочани не смее да се користи за политички пресметки кога народот треба да е обединет. Тој уверува дека како опозициска партија нема да дозволат некој што е одговорен да биде поштеден, и ќе следат процесот да се движи во праведна насока.
„Никој не смее да биде поштеден. Трагедијата е преголема, и ако постои најмала индиција дека некој се штити тоа ќе биде удар за целото општетство“, рече Филипче, апелирајќи до Обвинителството да известува редовно, за да не се остава простор за било какви шпекулации во јавноста.
Според Филипче, од нас зависи какви ќе излеземе од ова – дали како држава што научила од грешките или како општество што дозволило да се заборави.
„Македонскиот народ нема да ја заборави трагедијата, а наша одговорснот е да осигураме дека нема да повтори“, рече Филипче.
Првиот човек на опозициската партија информираше и дека како докор разговарал со дел од семејствата на хоспитализираните и ги уверил дека лекарите прават се’ за повредените.
Тој рече и дека ние сме денес рането општетство, а генерации млади луѓе живеат со болка.
Во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 59 млади луѓе, а 162 се повредени, од кои десетици се испратени на лекување во странство со тешки изгореници. Досега се уапсени 11 лица. Претходно денес беше објавено дека починал и возачот на брзата помош од Кочани, Иле Гоцевски, кој ги превезувал повредените. По трагедијата и трауматичниот работен ден, дошол дома и заспал, и повеќе не се разбудил.