Македонија
Европски пари за зајакнување на институционалните капацитети и за обука на администрацијата
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски во понеделник одржа состанок со претставници на групацијата Латанзио, предводени од директорот Џовани Мастрандреа и од Канцеларијата на ЕУ во Скопје.
Во наредните 18 месеци, за зајакнување на институционалните капацитети и за обуките што ќе се спроведуваат во администрацијата, ќе бидат доделени средства во висина од 1,1 милион евра, обезбедени од Европската Унија.
„Во ИПА проектот се вклучени експерти од компании од Австрија, Шпанија и Италија. Со нивна помош, во наредните 18 месеци очекуваме да бидат спроведени голем број обуки предвидени со Стратегијата за реформа на јавната администрација, која Владата ја донесе пред неколку години“, изјави Ивановски.
Овие финансиски средства ќе користат и по донесувањето на новиот Закон за јавната администрација кој е во подготовка, со што ќе се обезбеди поголема услужност на административните работници кон граѓаните. Притоа, се очекува граѓаните да бидат многу позадоволни од услугите кои ги добиваат од сите државни институции.
„Средствата ќе бидат корисни за да се направат обуките на раководителите, бидејќи тие ќе мора најсоодветно да ја познаваат материјата што ќе ја опфаќа новиот Закон за администрација. Исто така, тие ќе треба да ги спроведуваат реформите што ќе бидат предложени во овој закон“, додаде Ивановски. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.
Македонија
Дел од улицата Партение Зографски денес без струја
ЕВН Македонија извести дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од ул.Партение Зографски од раскрсницата со ул.Рилски Конгрес до Бул. Тодор Александров ( општина Центар )
Македонија
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Битола-Државна граница со Грција
Во 20:00 часот на крак А-3 Битола – Државна Граница со Р.Грција во близина на крстосница за с.Бистрица и с.Оптичари, случена е сообраќајна незгода, поради што сообраќајот на патниот правец Битола – Држ. граница е во прекин и истиот ќе се пренасочи низ.с.Бистрица и с.Породин соопшти АМСМ.

