Македонија
Облачно и нестабилно време, во некои делови можен и град
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/f6679bf3-d02e-4e2d-a938-158e56f4a230.jpeg)
Променливо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места ќе има пообилни врнежи и услови за изолирана појава на град. Повремено ќе дува силен јужен ветер со брзина над 70км/час.
Дневните температури ќе се движат од 14 до 28 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината облачно и нестабилно, со дожд и грмежи. Дневната температура ќе достигне до 24 степени. /крај/ухрм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Наутро студено, преку денот умерено до значително облачно
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/ohrid-zima-1.jpg)
Наутро студено, преку денот умерено до значително облачно. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и источните планински региони ќе има повремени локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 8 степени.
Во Скопје утрото студено, во текот на денот променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток претежно во планинските региони ќе има повремен локален снег, а на повисоките места во западните и северните делови повремен дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно и суво, а локални врнежи од дожд, на планините од снег повторно се очекуваат во недела.
Македонија
Без вода корисниците од ГТЦ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/09/Voda.jpg)
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( среда ) поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул. Филип Втори пред ГТЦ во населба Центар, во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од ГТЦ. ( општина Центар )
Македонија
СДСМ: Со замрзнувањето на маржите, Мицкоски ги призна нашите економски политики и мерки
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/kasa-market-2.jpg)
Откако осум месеци Мицкоски беше соучесник во општонардоната кражба на граѓаните од страна на трговците и не направи ништо за тоа, сега под притисок на јавноста донесе мерки кои како прв опозиционер жестоко ги критикуваше, реагира СДСМ.
„Со носење на мерки за замрзнување на маржите, Мицкоски конечно реши да ги признае сите економски политики и мерки на СДСМ за зауздување на цените.
За жал, се ова е многу доцна и милиони евра веќе се буквално украдени од граѓаните. таа кражба беше овозможена токму од Мицкоски и сега е доцна да ги признава сопствените порази.
„Мерките на Владата, како замрзнување на цените и ограничување на трговските маржи – не даваат ефект затоа што не нудат целосен одговор на состојбата“, пишуваше ВМРО-ДПМНЕ на 10.3.2022 година. Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ не е новина во политиката, тие се по тоа познати, но свесното осиромашување на граѓаните цели осум месеци е грев.
СДСМ со месеци апелираше и нудеше решенија. За жал и оваа мерка која Мицкоски ја ископира од СДСМ е парцијална и нема да даде целосно резултат. Ако се земе предвид дека платите не растат, дека цените веќе се дозволи да се качат превисоко ова нема да биде ниту благо санирање на огрмните штети по семејните буџети на македонските семејства“, се наведува во реакцијата на СДСМ.