Македонија
Дводневна обука за имплементација на меѓународното хуманитарно право

Дводневната регионална обука на тема „Имплементација на Меѓународното хуманитарно право при современи предизвици на НАТО операции“ започнува во среда во Скопје.
На работилницата учество ќе земат претставници од Министерството за одбрана, АРМ, Министерствата за надворешни и внатрешни работи, Агенцијата за разузнавање, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, како и од министерствата за одбрана на Хрватска, Албанија и Косово.
Воедно, присутните ќе имаат можност преку дискусии и панели, да разменат идеи, мислења и информации поврзани со повеќе теми, како адаптирањето на новите безбедносни предизвици, значењето на меѓународното хуманитарно право, неговото аплицирање за време на процесите за донесување одлуки во операциите предводени од Алијансата, против-терористичките операции и меѓународното хуманитарно право и сл. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Земјотрес почувствуван во Струмица

Земјотрес е почувствуван попладнево во Струмица, во 18 часот и 33 минути.
Според информацијата на сеизмолошката опсерваторија, потресот е со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината.
Македонија
„Халкбанк“ донира 50.000 евра за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

„Халкбанк“ со донација од 50.000 евра уплатени кон наменскиот фонд од Црвен крст на Македонија, дава поддршка за семејствата на загинатите и повредените.
„Бескрајно жалиме за трагичната загуба на младите животи во Кочани… А нашите мисли се и со повредените, на кои им посакуваме целосно опоравување и сила во овие тешки моменти“, напиша банката на нејзината „Фејсбук“ страна.
Македонија
Фатен со мито в рака и приведен раководителот на секторот урбанизам во Маврово-Ростуше

МВР денес го приведе раководителот на сектор урбанизам на Маврово Ростуше, со мито на рака.
„На ден 19.03.2025 година, ОСОСК, реализираше случај на поткуп при што лишен од слобода е Раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово Ростуше. (Садредин Елезоски). Поткупот бил побаран и примен заради ветување дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети“, информираа од МВР.
Поткупот бил побаран во износ од 13.000 евра и требало да се исплати во неколку рати.
Лицето е лишено од слобода при исплата на парите од првата рата во УО во Скопје, откако истите биле претходно криминалистичко технички обработени.