Македонија
Министерот за одбрана на состанок во Брисел

Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери ќе присуствува и ќе се обрати на Состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во ИСАФ формат, на ниво на министри за одбрана, кој се одржува во Брисел, Белгија.
Министрите за одбрана на НАТО и министрите за одбрана на земјите кои не се членки на НАТО, а придонесуваат во мисијата ИСАФ во Авганистан, на состанокот ќе го разгледаат прогресот во однос на транзицијата на одговорностите од НАТО на Авганистанските национални безбедносни сили.
Воедно, предмет на разговор ќе биде и ангажманот на НАТО по 2014 година, кога се предвидува целосно да заврши процесот на транзицијата на одговорностите.
Во рамките на состанокот министерот Џафери ќе ја поздрави одлучноста и посветеноста на НАТО и авганистанскиот државен врв во изградбата на националните одбранбени капацитети, додека воедно ќе истакне дека Република Македонија го продолжува својот придонес во рамки на силите ИСАФ, и дека постои подготвеност за понатамошен придонес во новата мисија во Авганистан по 2014 година. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.