Контакт

Македонија

Ограничена пловидбата на чамци и скутери на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро

Објавено пред

Владата на Република Македонија донесе одлука за ограничување на пловидбата на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро.

dobivaj vesti na viber

Владата на Република Македонија донесе одлука за ограничување на пловидбата на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро.

Одлуката се однесува на пловидбата на чамци и скутери и истата е со цел заштита на природната средина, подобрување на безбедноста во пловидбата, како и безбедноста на капачите во периодот на летната туристичка сезона.

Исто така, ограничувањето на пловидбата на чамци е заради оневозможување на рибокрадството кое е често констатирано по езерата и се врши во ноќните часови.

Ограничување на пловидбата со пловни објекти – чамци и скутери се однесува на целата површина на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро и тоа за чамци ограничувањето е за периодот од 01 јули до 31 август во времетраење од 21,00 до 05,00 часот секој ден, од 01 септември до 31 октомври во времетраење од 19,00 часот до 06,00 часот секој ден, од 01 ноември до 31 март во времетраење од 17,00 часот до 06,00 часот секој ден, и од 01 април до 30 јуни во времетраење од 19,00 часот до 06,00 секој ден.

Ограничувањето на пловидбата за скутерите се однесува за периодот од 01 јули до 31 август во времетраење од 11,00 до 19,00 часот секој ден.

Одлука за ограничување на пловидбата за пловни објекти – скутери, беше донесувана и за претходните години, почнувајќи од 2009 година и искуството покажува дека ваквото ограничување е оправдано во поглед на остварувањето безбедност во пловидбата со што и бројот на пловидбените незгоди е значително намален.

Од оваа одлука, изземени се чамците и скутерите наменети за јавни потреби за вршење инспекциски, царински и полициски надзор како и чамците кои ги користи субјектот на кој му е дадена концесија за стопански и рекреативен риболов како и за чамците за стопански цели – превоз на патници. Во наведениот период, Капетанијата на пристаништата во соработка со Министерството за внатрешни работи – Езерска полиција ќе врши редовни контроли во однос на почитувањето на законските прописи, при што доколку се констатира прекршок, прекршителите на оваа Одлука ќе бидат соодветно санкционирани.

Министерството за транспорт и врски апелира до сите граѓани да ја почитуваат одлуката со што ќе се придонесе за поголема безбедност, заштита на животната средина и подобар престој на туристите кои летуваат покрај езерата во Република Македонија. /крај/со/мф

Македонија

Меџити: Старата чаршија ќе стане вистински културен и економски центар на Скопје

Објавено пред

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, директорите на Националниот конзерваторски центар и на Музејот на Северна Македонија, како и претставници на еснафот, денеска претстави еден значаен проект, кој претставува голем чекор за оживување на Старата скопска чаршија.

dobivaj vesti na viber

„Почнуваме со чистење и уредување на подземниот паркинг на Музејот на Македонија со капацитет за 60 возила и надворешниот простор за уште 60 други. За 10 дена, овој паркинг ќе биде функционален и во служба на посетителите, еснафот и вработените во институциите овде. Ова е само првата точка од една поголема визија за трансформација на Чаршијата“, изјави Меџити.

Меџити потенцира дека проектот за Чаршијата не завршува само со отворањето на паркингот кај Музејот, туку опфаќа и други конкретни мерки, како поставување подземни контејнери за поефикасно управување со отпадот, целосна реконструкција на калдрмата на улиците Самарџиска, Ковачка, Петар Михов, Сарачка и делумно Папуџиска, како и поставување подземни кабли заедно со замена на оштетената мрежа на цевките.

„Старата чаршија ќе биде подостапна, почиста и поатрактивна за туристите, граѓаните и за бизнисите. Таа ќе стане жив културен, економски и туристички центар, каде што историјата ќе се почитува, но воедно ќе коегзистира со модерноста. Тоа била и останува мојата визија за Чаир“, изјави Меџити.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи: Преку Филков, Мицкоски пушти пробен балон

Објавено пред

Ексминистерот за надворешни работи и кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, реагира на изјавите поврзани со Бадентеровото мнозинство оценувајќи дека тие се дел од стратегијата за демонтирање на Охридскиот рамовен договор.

dobivaj vesti na viber

Османи смета дека премиерот намерно им дозволува на министрите да даваат изјави како пробен балон, со цел да ја нормализира темата во јавноста, а потоа излегува со негирања. Тој оцени дека молкот на коалициската партија „Влен“ е шокантен и дека тоа ја потврдува нивната блискост со ВМРО-ДПМНЕ.

Тој нагласи дека ваквите изјави се во спротивност со извршната наредба на американскиот претседател, според која доведувањето во прашање на Охридскиот договор е против американските интереси.

Министерот за правда Игор Филков претходно изјави дека Бадентеровото мнозинство се злоупотребува, па можеби е дојдено време да се ревидира. По изјавата, Мицкоски коментира дека Бадентеровото мнозинство е дел од Охридскиот рамковен договор, а тој е дел од Уставот.

Прикажи повеќе...

Скопје

Фестивал на улична храна и на музика во срцето на Аеродром

Објавено пред

Во паркот „Авионче“ од 5 до 8 септември ќе се одржи првиот фестивал на улична храна во Општина Аеродром (AERO Street Food Festival), при што ќе биде понудено уникатно гастрономско и музичко доживување за сите генерации.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот се очекува да обедини 12 познати брендови за храна (Jojo’s BBQ, Oljo’s, Fat Kitchen, Sorelle Focaccia, Lora’s Sushi, Bistro 64, 15 за 12, Milkey, Destan, Smash Burger, La Pizza и Ноа Гирадико) со богата понуда од четири различни кујни: А – американска, Е – европска, Р – регионална и О – ориентална. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат специјалитети од уличната гастрономија, но и автентични традиционални јадења, проследени со богат избор на пијалаци.

Покрај храната, фестивалот секоја вечер од 17:30 до 00:30 часот ќе нуди музичка програма со настапи на врвни изведувачи (Рингтонс, Southpark, Breakdown band, Goce SAF, DJ Aleksandar Jordanov, DJ Marko, DJ Micov, DJ Shime, DJ Mono, DJ Foodieman, DJ Guardian и DJ Fico).

Програмата ќе биде збогатена и со интерактивни активности за публиката како натпревари во брзо јадење, квизови, трки и други забавни предизвици со награди, што ќе го направи фестивалот атрактивен за младите и семејствата.

„Првиот фестивал на улична храна во нашата општина е одлична можност да се афирмира урбаната култура и заедништвото преку храната, музиката и позитивната енергија. Убеден сум дека паркот „Авионче“ во септември ќе биде новото омилено место на жителите и посетителите на Аеродром“, изјави в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

Фестивалот во срцето на Аеродром се организира со поддршка од Општината, а влезот за сите посетители е бесплатен.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Згаснаа животите на две девојчиња од Кичевско, се возеле со четирицикл и излетале од патот

Синоќа на локален пат во селото Колибари, Кичевско, се случи трагична несреќа со четирицикл. 15-годишно девојче од Колибари, управувајќи го...

Македонија2 часа

Документацијата за Стоматолошката комора стигна во рацете на Обвинителството

Министерството за здравство соопшти дека целокупната документација и наодите од извештаите на комисиите што вршеле надзор над работата на Стоматолошката...

Македонија3 часа

Поместени границите во ортопедската трансплантација – извршена најсложената трансплантација на коска на Клиниката за ортопедија

На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е изведена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија...

Регион4 часа

Политичар почина на плажа на Халкидик

Апостолос Везиропулос, поранешен заменик-министер за финансии на Грција и актуелен генерален секретар на парламентарната група на Нова демократија, почина ненадејно...

Македонија5 часа

(Видео) По десет дена борба, дождот го изгасна пожарот кај Јасен

Дождот кој заврна пред 7.00 часот утрово и врнеше нешто повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето Јасен, помогна...

Топ6 часа

Отворена истрага: уапсен 27-годишен скопјанец за детска порнографија

Секторот за компјутерски криминал при МВР до обвинителството поднесе кривична пријава против Ф.М.(27) од Скопје, за сторено кривично дело „Производство...

Свет6 часа

Ким Џонг-ун на колена: првпат призна дека војници на Северна Кореја загинале во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун им оддаде почит на војниците кои загинаа борејќи се на страната на Русија во војната...

Свет7 часа

Зеленски: Мора да се изврши притисок врз Путин, тој не разбира ништо, освен сила

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мора да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја заврши војната....

Македонија7 часа

Предлогот на Мицкоски за повереници е најава за враќање на авторитаризмот на Груевски, смета ДОМ

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) реагира, како што велат, со огромна загриженост на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека,...

Култура7 часа

Свечено отворени 64. Струшки вечери на поезијата

Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ вчера вечер во Домот на поезијата во Струга...

Македонија19 часа

(Видео) Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“

Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ попладнево значително се влоши поради силниот ветер, информира директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија20 часа

Министерството за здравство формира независна меѓународна комисија по изјавата на Кедев за непотребни кардиолошки интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави формирање комисија со експерти од три различни земји за проверка на работењето во приватните...

Македонија22 часа

Тошковски го суспендирал, а Чадиева го вратила на работа командирот кој пукаше со калашников – ВМРО-ДПМНЕ го објави решението по прозивките на СДСМ

Командирот од Ропотово кој пукаше со калашников од балкон и беше суспендиран, повторно е на работа. СДСМ денес го критикуваше...

Македонија22 часа

Кривична за поранешни директори на Пошта поради незаконски набавки и штета од 32.500 евра

Полицијата поднесе кривична пријава против В.С. и Б.А. – поранешни генерални директори на АД Пошта, поради сомнение за несовесно работење...

Македонија22 часа

Лажни налози и злоупотреба на печат – пријавен раководител од Шуто Оризари за измама од 3,6 милиони денари

Полицијата расчисти случај во врска со измама во службата, при што поднесе кривична пријава против Д.А. (51) вработен како раководител...

Македонија1 ден

Можно е гласачкото ливче да биде седум-осум метри, ама ако изборниот процес е неуспешен, Владата именува повереници, предупреди Мицкоски

Одлуката на Државната изборна комисија независните кандидати да може да поднесат кандидатури за локалните избори со само два потписа од...

Топ1 ден

Загина 19-годишник: со „мерцедес“ излетал од регионалниот пат Струга – Дебар

Вчера околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во село Велешта, струшко, патничко возило...

Македонија1 ден

Со закана изнудил 1,5 милион денари, поведена истрага за едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за...

Македонија1 ден

Пожарот во Влае се става под контрола, нема информации за повредени или настрадани

Пожарот на опожарените бараки во Влае се става под контрола, извести ДЗС. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на...

Македонија1 ден

(Видео) „Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен“, вели Манасиевски

„Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен. Преку свиркачи добивме...