Македонија
Демонстрантите пред Центар ги скршија прозорците од салата, седницата прекината

Седницата на општина Центар која започна во петокот околу 14 часот е прекината затоа што насобраните граѓани ги скршија прозорците на влезната врата и стаклата во салата, со што била загрозена и безбедноста на советниците, јавува репортерот на Макфакс.
Демонстрантите ги симнуваат и завесите од прозорците тргајќи ги од надвор, иако пред нив има кордон полиција којашто млако или воопшто не реагира на нивните акции.
Околу три илјади граѓани кои од местото каде треба да биде изградена црквата „Свети Константин и Елена“ се упатија кон општина Центар влегоа во дворот и ја опструираат седницата на советот на општина Центар.
Дваесетина граѓани на скопската општина Центар уредно поднеле барање во четвртокот да присуствуваат на седницата што им било одобрено, но во петокот не им се дозволуваше да присуствуваат на почетокот на седницата.
Објаснувањето од Општина Центар е дека кога ќе стигнат точките за коишто е поднесено барањето тие ќе бидат повикани да присутвуваат.
Но тројца од граѓаните кои влегоа во салата не сакаа да ја напуштат сé додека не интервенираше полиција и беше соопштено дека градоначалникот Андреј Жерновски и претседателот на Советот ќе им се обратат надвор, на што реагираше еден од советниците од ВМРО-ДПМНЕ кој рече дека „денеска има седница, а не митинг на кој градоначалникот треба да се обрати“.
Во меѓувреме насобраните граѓани околу салата тропаат и ги отвараат прозорците од салата извикувајќи „Ајдуци“ и се закануваат дека ќе влезат. Седницата сé уште не е почната, а градоначалникот Жерновски сé уште не им се обрати на граѓаните./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДУИ: Трагедијата бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени

Трагедијата што се случи бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени, велат од Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Според нив, власта со сите сили се обидува да ги заштити своите и да го пренасочи вниманието на јавноста кон други, наместо да обезбеди транспарентност и одговорност.
„Овој селективен и неправеден пристап не само што ја поткопува довербата на граѓаните во институциите, туку и го загрозува самиот процес на правда. Ние нема да влеземе во замката на политика на обвинувања и поделби. За нас, правдата не може да се дели на „наши“ и „нивни“ – таа мора да биде еднаква за сите“, велат од ДУИ.
Партијата ги повика институциите да останат надвор од секое влијание и да обезбедат транспарентен, праведен и непристрасен процес.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Струмица

Земјотрес е почувствуван попладнево во Струмица, во 18 часот и 33 минути.
Според информацијата на сеизмолошката опсерваторија, потресот е со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината.
Македонија
„Халкбанк“ донира 50.000 евра за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

„Халкбанк“ со донација од 50.000 евра уплатени кон наменскиот фонд од Црвен крст на Македонија, дава поддршка за семејствата на загинатите и повредените.
„Бескрајно жалиме за трагичната загуба на младите животи во Кочани… А нашите мисли се и со повредените, на кои им посакуваме целосно опоравување и сила во овие тешки моменти“, напиша банката на нејзината „Фејсбук“ страна.