Македонија
Лустриран поранешен новинар во „Нова Македонија“

Поранешен новинар во весникот „Нова Македонија“, кој на парламентарните избори во 2011 година бил кандидат за пратеник, е прогласен за соработник со тајните служби.
Пред изборите новинарот добил потврда дека не е соработник, но Комисијата открила нови докази со кои новинарот е прогласен за соработник.
Според информации од комисијата, новинарот соработувал со службите од 1968 до почетокот на 80-тите години./крај
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ има изгубено 100 илјади гласови до сега

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа на, како што рече, драматичниот пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, економскиот колапс и лицемерното однесување на Владата, која, како што рече, наместо резултати, нуди само пропаганда.
„Нашите информации се дека ВМРО-ДПМНЕ има изгубено 100 илјади гласови до сега. Таков пад на гласовите, таков дебакл до сега во историјата на државата за толку кратко време едноставно не се случил“, изјави Филипче.
Тој предупреди дека власта се обидува да ја покрие реалната состојба во државата со агресивна ПР-пропаганда, но граѓаните не се наивни.
„Не затрупуваат со информации, со пропаганда, со ПР дека прават економски бум. Што се случи? Бум слушнавме само со тоа што треснавме на земја. Евростат излегува со податоци дека сме последна земја во Европа според економската стапка“, потенцираше Филипче.
Според него, Мицкоски говори за вредности, отчетност и транспарентност, но со секој чекор ја демантира сопствената реторика.
„Зборува за транспарентна работа, зборува за отчетна работа, зборува за некаков систем на вредности, а ако навистина ја вршат работата како што треба, нема да има потреба да зборуваат за тоа. Нема да имаат потреба да зборуваат како владата и институциите треба да работат во интерес на граѓаните, ако јавната администрација сама работи така“, истакна Филипче.
Тој потсети дека кога институциите се навистина чесни и ефикасни, резултатите сами зборуваат, без да се замајува јавноста со празни приказни.
„Нема да има потреба да им зборуваат за фотелји, за клупи и за гајби на граѓаните ако навистина работат чесно. Факт е дека тоа не го прават на тој начин“, нагласи претседателот на СДСМ.
Македонија
Дизелот поскапува за 2,5 денари

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,5 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 20.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 40,928 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,149 ден/кг и сега ќе изнесува 40,928 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.
Македонија
(Видео) Петрушевски: СДС нека понуди барем еден доказ за тоа што го тврдат за Кочани, во спротивно следи тужба

СДС нека понуди барем еден доказ за тоа што го тврдат на прес -конференциите за Кочани, во спротивно следи тужба, најави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ секој ден се буди со нова лажна конструкција, но секој ден и ја потсетуваме дека нема да има аболиции, нема враќање назад во времето на Драги Рашковски, на Бојан Јовановски, на 27-те милиони евра за софтвери, на тендерите без покритие, на црните пари што циркулираа во бели куќи. СДСМ денес зборува за „одговорност“, а вчера не одговараше никој ни за модуларните болници, ни за клиниките со изгорени пари, ни за златните визи. Денес зборуваат за изборни процеси, а целиот народ гледаше што значи изборен криминал и институционално насилство во нивно време“, рече тој.
Петрушевски им порача на СДСМ – нека понудат еден доказ за тоа што го тврдат, еден, во спротивно ќе ги тужиме.
„Им даваме рок од една недела, како што следува по закон, да се извинат јавно на прес-конференција. Ако не се извинат, ќе добијат тужба за клевета“, рече Петрушевски.