Македонија
Македонија со пониска оценка за демократија од Фридом хаус
Македонија со просечна оценка од 3,93 во најновиот извештај на Фруидом хаус се најде на границата меѓу групата земји со полуконсолидирани демократии и оние со транзициски влади и хибридни режими.
Според најновиот извештај на Фридом хаус Македонија е со пониска оценка од онаа во претходниот за правната рамка и независност што пак придонесе и за пад на просечната оценка за демократија.
Уназадувањето на судската рамка, како што се наведува, било по алармантните нарушувања на истрагата за познато убиство и по нападниот политички притисок врз судовите од страна на министерот за здравство што фрлија сериозни сомневања врз изгледите за целосна судска реформа и врз антикорупциските напори.
Организацијата за човекови права Фридом хаус, врз основа на независни експертски мислења, ги оценува земјите во неколку категории.
Во категориите изборен процес, граѓанско општество, независни медиуми, корупција и демократско владеење на национално и на локално ниво Македонија ги задржа претходните оценки.
Од земјите од Балканот, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово добија помали оценки во индикаторот за корупција бидејќи нивниот правен систем бил подложен на политичко мешање.
Фридом хаус констатира дека процесот за евроинтегрирање мотивира важни реформи во земјите на Западен Балкан и даде формален механизам за напредување кон целосни демократски институции и пазарна економија.
Притоа како лидери во регионот се посочуваат Хрватска и Србија кои како и Македонија се во групата на полуконсолидирани демократии.
Во оваа група се уште Бугарија, Романија и Црна Гора. Албанија и Босна и Херцеговина се во групата на хибридни режими, додека Косово е во групата на полуконсолидирани авторитарни режими./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

