Македонија
Електронските здравствени рецепти ја отежнаа работата на лекарите и аптекарите
Обичните хартиени здравствени рецепти од понеделник се заменуваат со електронски, или рецепти на кои покрај името на лекот постои и код под кој во аптека истите ќе бидат издавани.
Но утринава во Велес, како што пренесува порталот Лисица, неколку лека препишани на електронски рецепти не било можно да се подигнат од аптеките. Проблемот, според аптекарите, но и матичните лекари, е во електронскиот систем.
„Апелираме за разбирање за аптеките да издаваат лекови и покрај тоа што нема кодови на рецептите, апелираме и до пациентите да бидат трпеливи кога треба матичниот доктор да добие генерирано бројче од целиот систем кој сé уште не е стабилен“, рече Лилјана Чолакова Дервишева, претседател на велешкото Здружение на приватни лекари.
Од аптеките велат дека очекуваат препорака од Фондот за здравство, а лековите засега ги издавале само на рецепти кои во горниот дел имаат електронски код.
Каква рецепта ќе ни издаде лекарот за нас е неважно, важно е во аптека да го имаат лекот, е првата реакција на анкетираните велешани.
Воведувањето на електронските рецепти има цел, покрај институциите, прецизен увид да имаат и лекарите кои во секое време ќе знаат дали болниот го подигнал лекот што тој им го препишал./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

