Македонија
Иницијативниот одбор бара Кежаровски итно да биде пуштен на слобода
Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот на скопскиот дневен весник Нова Македонија, Томислав Кежаровски бара новинарот, кој од понеделник почна штрајк со глад, итно да биде пуштен да се брани од слобода.
„Потсетуваме дека условите за тоа се исполнети: заврши распитот на сведоците во случајот за кој е притворен нашиот колега, а дадена е и имотна гаранција. Штрајкот со глад на Кежаровски, во услови на негова кревка физичка и психичка состојба мора да биде аларм за надлежните кои веќе два месеца одбиваат да ги слушнат барањата на домашната и меѓународна медиумска заедница. Во спротивно одговорноста за состојбата на новинарот паѓа на судската и извршната власт и на сите државни институции кои одбираат да го игнорираат овој преседан во историјата на македонскиот журнализам“, велат од Иницијативниот одбор.
Кежаровски веќе два месеца е во притвор, а се одлучи на штрајк со глад поради тоа што истрагата е завршена, а тој целиот тој период е во притвор и сé уште нема одговор на барањето да биде пуштен да се брани од слобода, откако го понудил својот имот како гаранција.
Случајот „Ликвидација“, во којшто освен Кежаровски беа уапсени судии, адвокати и обвинители се наѓа во обвинителството и тоа треба да одлучи дали ќе покрене обвинителен акт за случајот. За притворот на Кежаровски обвинителството ќе се изјасни подоцна седмицава.
Кежаровски е осомничен дека пред пет години незаконски го открил идентитетот на заштитениот сведок за убиството на старецот во велешко Ореше./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

