Контакт

Македонија

Али Ахмети со честитка за новиот претседател на десницата во Албанија

Објавено пред

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети испрати честитка за изборот на Љулзим Баша за Претседател на Демократската Партија на Албанците.

„Демократската Партија денеска започнува ново поглавје во својата богата историја, за која што сакам да го изразам моето високо почитување кон г. Сали Бериша, кој што даде огромен придонес кон развојот на Демократската Партија и на Албанија се до денес, како и да изразам убедување дека вие ќе продолжите патот кој што е граден сиве овие години со голема посветеност и заложба за доброто на сите Албанци. Посакувајќи ви здравје и успех во вашата работа, убеден сум во продолжувањето на успешната соработка помеѓу нашите две партии за доброто на граѓаните со работа за нивната благосостојба и за поскората интеграција на регионот во ЕвроАтлантското семејство“, се вели во честитката.

Љулзим во понеделникот беше избран за шретседател на десницата во Албанија и го наследи Бериша по поразот на оваа партија на парламентарните избори./крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

„Lucky days” во НЕПТУН! Ајде во Нептун, до 31ви октомври!

Објавено пред

„Lucky days” од 25-31 октомври во „Нептун” – продажна акција со најголеми попусти! Ќе одолееш ли на ПОПУСТ до -60%? Вистинска можност за купување на производи со најголеми попусти и до 60 рати на HAPPY цени. Разгледајте ги понудите во сите продажни салони на Нептун ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk и изберете од најголемиoт избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење и сушење, плотни, фурни, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други.

Акцијата важи за купување во Нептун продажните салони ширум Македонија, но и за онлајн продажба преку веб сајтот Neptun.mk и преку мобилната апликација за онлајн шопинг NEPTUN достапна на Play Store и App Store. Не пропуштајте ја оваа идеална прилика за шопинг по супер цени, посетете ги “Нептун” продавниците и уживајте во овие среќни денови!

„Нептун Македонија“ најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е позициониран како апсолутен лидер на пазарот. Нептун Македонија има и широка палета на услуги за своите клиенти како: happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.

„Нептун Македонија“ најавува отворање на нова продавница, 26та локација како ,,flagship” продавница во Ист Гејт Мол. Продавницата на Нептун ќе биде носител на модерниот имиџ и ќе ги изложи најиновативните меѓународни брендови за технологија и бела техника за сите потрошувачи. ВЕ ОЧЕКУВАМЕ на 29ти октомври во Ист Гејт Мол!

Прикажи повеќе...

Македонија

Шилегов: Со секојдневниот бесплатен превоз за пензионерите, ги враќаме и помладите патници заради намалените гужви

Објавено пред

Пензионерите, лицата со попреченост и лицата со ретки болести се само дел од категориите на граѓани кои ќе добијат бројни социјални поволности и бенефицирани услуги од страна на градот Скопје во следните четири години, соопштија од градот.

Како што наведуваат, повеќе од 85 илјади пензионери ќе можат секојдневно бесплатно да ја користат јавниот превоз. На овој начин, како што додаваат, покрај намалување на градскиот сообраќаен метеж, градот Скопје директно ќе придонесе кон заштеда на семејниот буџет на оваа важна категорија граѓани, но уште поважно, ќе овозможи побезбедно патување имајќи ги предвид безбедносните мерки против Ковид-19, што директно ги засега повозрасните граѓани кои се ризична категорија.

Исто така, со оваа мерка ќе се намали и метежот во јавниот превоз, што ќе вратат и голем број на помлади патници, најави градоначалникот Шилегов.

„ Пензионерите и повозрасните граѓани се извор на знаење, искуство и мудрост. Тие го граделе Скопје и ја заслужуваат поддршката од градот. Затоа им го олеснуваме животот и се грижиме за нивните потреби. Овозможуваме бесплатен јавен градски превоз за сите пензионери во Скопје секој ден во неделата. Нашите повозрасни граѓани ќе можат слободно да се движат и да ги остваруваат своите обврски, а не само вторник и петок. На тој начин го запираме метежот во работните денови во градските автобуси за луѓето кои одат на работа, или на училиште, вели Шилегов.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре без струја делови на Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре без електрична енергија ќе останат:

Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Томе Арсовски. ( општина Кисела Вода )

Во периодот од 09.10 до 14.00 часот, дел од корисниците од село Кучково, како и корисниците од село Волково лоцирани кај обиколницата. ( општина Ѓорче Петров )

Во периодот од 11.00 до 13.00 часот, објектот на градинката на бул. Илинден лоцирана позади тенискиот клуб АБЦ, како и објектот на Флораком. ( општина Карпош )

Прикажи повеќе...

Најново

Свет60 минути

Ранетиот режисер открива детали за трагедијата на снимањето

Алек Болдвин вежбал да вади револвер од футролата, по што го вперил во камерата за време на пробата на снимањето...

Свет2 часа

Колумбискиот нарко-бос не користел телефон и соработувал со криминалци од Балканот

Колумбискиот главен нарко бос Даиро Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, кој беше уапсен вчера, е поврзан со балкански трговци...

Свет2 часа

Тедрос: Пандемијата нема да заврши додека не заврши во целиот свет

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аденон Гебрејесус изјави дека пандемијата на Ковид е далеку од завршена. „Ги имаме...

Регион13 часа

Словенечкиот премиер и министерот за одбрана добија писма со смртна закана

Словенечкиот премиер Јанез Јанша добил пратка со закана за смрт за нему и неговото семејство, а слична закана добил и...

Регион16 часа

Ердоган протерува десет амбасадори

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе протера десет западни амбасадори, меѓу кои седум членки на НАТО. Во...

Македонија17 часа

16 починати и 227 новозаболени од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.595 тестирањe,...

Топ18 часа

Тела на починати мигранти пронајдени во гевгелиско

Тела на две починати лица, најверојатно мигранти, вчера биле пронајдени на местото викано „Јаворица“, атар на с.Миравци, гевгелиско. По овластување...

Регион20 часа

Српски виролог: Ковид – пропусниците треба да важат 24 часа, а не само по 22 часот

Ковид – пропусниците во Србија се воведени доцна и неправилно бидејќи треба да важат 24 часа, а не само од...

Регион22 часа

Брнабиќ откри дека било планирано убиство на Вучиќ

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека било планирано убиство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Според неа, атентатот бил...

Свет22 часа

Во Кина вакцинирани 75 отсто од населението

Кина досега целосно вакцинираше 75,6 отсто од своето население против коронавирусот, изјави портпаролот на Националната здравствена комисија Ми Фенг. „Околу...

Топ23 часа

Автомобил излета од патот кај Ласкарци, едно лице загина, тројца тешко повредени

Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Тетово – Скопје. Според...

Македонија2 дена

Во Македонија 482 нови случаи на коронавирус, 12 починати

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 482 нови случаи на коронавирус, а 12 лица починаа, информира Министерството за...

Македонија2 дена

Мицкоски за Бугарија: Ние нема да им ветуваме сѐ и сешто

Ние нема како Заев да ги вовлекуваме во некои непринципиелни односи ветувајќи им се и сешто, од нас може да...

Македонија2 дена

(Видео) Заев најави дека во вториот круг СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на своите коалициски партнери

Премиерот Зоран Заев кажа дека во вториот круг од локалните избори СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на своите коалициски партнери....

Свет2 дена

Русија се соочува со рекорден број починати и заболени со коронавирус – Путин донесе построги мерки

Во Русија, петти ден по ред, е поставен нов рекорд, 1.075 починати од Ковид-19 и 37.678 нови инфекции во изминатите...

Македонија2 дена

Две дози вакцина примиле 46 отсто од полнолетните граѓани, а 4.720 примиле трета доза

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 6.830 дози вакцини, од кои 638 се аплицирани како прва доза, 1.472...

Свет2 дена

Австрија ги заострува мерките – воведува „локдаун“ за невакцинираните

Во Австрија од 1 ноември вработените ќе можат да доаѓаат на работа само доколку се вакцинирани, ако прележале коронавирус или...

Регион2 дена

Хрватските граѓани од денеска во САД можат да патуваат без визи

Од денеска на хрватските граѓани им е овозможено да патуваат во САД без виза, објави Американската амбасада во Загреб. Оваа...

Свет2 дена

Нови детали: На снимањето на филмот имало и други проблеми и инциденти

Пиштолот од кој актерот Алек Болдвин пукаше на снимањето на филм и ја уби директорката на фотографија, му го дал...

Македонија3 дена

Ангел Димитров: Сè потешко ми е да информирам за работата на заедничката комисија за историски прашања

Сè потешко ми е да ве информирам за работата на нашата комисија. Не сме во позиција бидејќи не се постигнати...

Досие