Македонија
Владата е најактивна македонска институција на Твитер

Владата на Република Македонија е рангирана на 49-тата позиција како најактивна македонска институција на Твитер.
Освен Владата, другите институции од Република Македонија воопшто не се категоризирани на првите 50 позиции во истражувањето “Twiplomacy“ кое го спроведе компанијата Burson-Marsteller.
Burson-Marsteller, е светски познатата компанија за односи со јавност и комуникации, која ја претстави годишната глобална студија “Twiplomacy“ (http://twiplomacy.com) за активноста на светските лидери на Твитер. Студијата покажа дека повеќе од 3/4 (77.7%) од светските лидери имаат Твитер акаунт и 2/3 (68%) се поврзале со своите колеги на Твитер.
“Twiplomacy“ е водечко истражување од овој тип, со цел да покаже до кој степен светските лидери го користат Твитер.
На почетокот на јули 2013 година, Burson-Marsteller анализираше 505 владини акаунти во 153 држави.
Годинешнава глобална студија “Twiplomacy“ (http://twiplomacy.com) покажа дека американскиот претседател Барак Обама (@BarackObama), се уште, е најследениот светски лидер на Твитер со повеќе од 33 милиони следбеници.
Но, додека речиси третина (148) од светските лидери и влади го следат твитерот на Барак Обама, тој не е најдобро поврзан лидер. @BarackObama заеднички следи само два светски лидери – Јенс Столтенберг, Норвешка и Дмитриј Медведев, Русија.
Твитер акаунтите на Белата Куќа (@WhiteHouse) и на Стејт Департментот (@StateDept) ги следат 132 и 99 пеери (следбеници од ист ранг), но тие исто така, многу малку ги следат светските лидери: Белата Куќа следи три други светски лидери а Стејт Департментот не следи ниту едно Министерство за надворешни работи.
Папата Френсис (@Pontifex) е вториот светски лидер со најголем број следбеници, со повеќе од седум милиони Твитерџии на неговите 9 различни акаунти. Иако Папата не е во контакт со други корисници на Твитер, сепак неговиот шпански Твитер акаунт, просечно, е ре-публикуван, по 11.000 пати и со тоа се позиционира како еден од највлијателните луѓе во светот. За споредба, Твитер акаунтот на Барак Обама, просечно, е ре-публикуван, 2.309 пати во споредба со тоа што има најголем број следбеници.
Турскиот претседател Абдула Ѓул (@cbabdullahgul) и премиерот Реџеп Таип Ердоган (@RT_Erdogan) се меѓу најдобрите пет светски лидери со најголем број следбеници, повеќе од 3.4 милиони секој од нив.
Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд, @CarlBildt е најдобро поврзаниот светски лидер кој го следат 44 пеери. Европската служба за надворешна акција (@eu_eeas) е најдобро поврзана странска служба со 36 меѓусебни конекции следени од Полското Министерство за надворешни работи (@PolandMFA), Британското (@ForeignOffice) и Француското Министерство за надворешни работи (@FranceDiplo).
Турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган (@RT_Erdogan), соборениот Египетски претседател Мухамед Морси (@MuhammadMorsi), Претседателот на Руанда, Пол Кагаме (@PaulKagame), Израелскиот претседател Шимон Перес, Премиерот на Сингапур, Ли Сјенг Лунг (@LeeHsienLoong), Холандскиот премиер Марк Руте, (@MinPres) и 35 други акаунти, воопшто, не се следени од корисниците на Твитер.
Од друга страна, премиерот на Уганда, Амам Мбабази (@AmamaMbabazi), најмногу комуницира преку Твитер со тоа што 96% од неговите твитови се одговор на другите Твитерџии.
Втор и трет најкомуникативни корисници на Твитер се претседателот на Руанда, Пол Кагаме (@PaulKagame) и Шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билд со неговиот (@fragaCarlBildt ‘Ask Carl Bildt’) акаунт.
Студијата покажува дека Твитер стана импресивна комуникациска алатка за светските лидери. Иако не комуницира, акаунтот на Папата (@Pontifex) покажува феноменален раст во последните шест месеци, како што е акаунтот на претседателот на Индонезија, Сусило Бамбанг Јудхојоно (@SBYudhoyono) и на Венецуелскиот претседател, Никола Мадуро (@NicolasMaduro), кој заедно се приклучија кон Твитер во март 2013 година и сега се рангираат меѓу 20-те најследени светски лидери. Дури и неактивните акаунти на претседателката на Бразил, Дилма Русев (@DilmaBR) и на францускиот претседател, Франсоа Оланд (@FHollande), кои го суспендираа Твитер по нивниот избор, покажуваат раст на нивните следбеници.
„Луѓето сакаат да бидат во контакт со нивните лидери на Твитер“, забележува Матијас Лифкенс (Matthias Lüfkens), претставник на Burson-Marsteller’s Digital Practice Leader EMEA и автор на извештајот „Сепак, зачудувачки е да се види дека акаунтите со најголем број следбеници имаат најмала интеракција со своите Твитер корисници“.
Постојат 227 лични акаунти и 76 светски лидерски твитаат лично, иако многумина од нив тоа го прават само повремено. Седум од Г8 лидерите имаат персонален Твитер акаунт и сите од властите на земјите Г20 имаат официјално ТВ присуство.
Твитер, исто така, се користи и од помалите нации за да ги постави на светската мапа и тие да комуницираат „очи во очи“ со нивните Твитер пеери. Хрватската влада (@VladaRH) и Министерот за надворешни работи на Исланд (@MFAIceland) еднострано следат 195 и 142 пеери и светски лидери со надеж дека тие ќе возвратат на ист начин.
Сите 45 Европски влади имаат официјално присуство на Твитер. Во Јужна Африка, сите држави, освен Суринам, имаат официјално Твитер присуство. Во Северна Америка, Азија и Африка, 79%, 76% и 71% од сите влади имаат Твитер акаунт. Само третина (38.4%) од сите влади во Пацификот користат micro-blogging услуги. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од РЦУК Македонски Брод претходно стигна информација дека е настанат пожар во населбата Самоков, во фабриката „Сувенир“, а опожарен е магацин со хемикалии. Во информацијата беше наведено дека електричната енергија во фабриката е исклучена.
Македонија
„Седи Боби, кец!“, му рече Арсовска на Стефковски за проблемот со водата, па доби одговор

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук, му возврати на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој претходно ги прозва Градот и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, за прекините во водоснабдувањето во неколку скопски населби. Тој побара итна интервенција од Градот, предупредувајќи на можни протести ако состојбата не се реши веднаш.
Арсовска му одговори на Стефковски дека и по три години на функција сè уште не прави разлика што е во надлежност на Градот, а што на Општина Гази Баба. Таа појасни дека жителите на Црешево и Смилковци не се корисници на ЈП „Водовод и канализација“, туку на ЈКП „Гази Баба“ – претпријатие под општинска надлежност.
„Ова по три години ќе го знаеше ако паузираше еден ден од сликање по фолклорни манифестации за да сработиш нешто“, напиша Арсовска, посочувајќи дека со средствата добиени од владите на Ковачевски и Мицкоски, Стефковски можел да изгради нова водоводна мрежа за тие населби.
Во продолжение, Арсовска рече дека Град Скопје во изминатите три години не добил ниту еден денар од централната власт, а дека Владата ѝ должи на ЈСП Скопје осум милиони евра.
Градоначалничката ја заврши објавата со саркастичен тон: „Седи Боби, кец!“
Ситуацијата дополнително ја заостри реториката меѓу градоначалниците на Скопје и Гази Баба, отворајќи нова рунда меѓусебни обвинувања. По објавата на Арсовска, повторно се огласи Стефковски кој и’ одговори дека надлежноста за Смилковци и Црешево ја знае многу добро, па ја повика да каже зошто жителите од Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Ченто немаат вода? За крај по однос на делењето оценки, Стефковски на социјалните мрежи напиша дека граѓаните и’ дале оценка на парламентарните избори на Арсовска. Тогаш таа освои вкупно 3.438 гласови.
Македонија
Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – пресек на состојбата со пожарите

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи.
Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел). Во Општина Велес пожарот избувна во ниска вегетација.
Изгаснати се 4 пожари: Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште; Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште; Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација и ОпштинаАрачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.