Македонија
Маички „Слобода за Кежо“ ќе им се делат на пратениците, на Кежаровски ќе му се суди по итна постапка
Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски во сабота во 11 часот ќе им подели на пратениците во Собранието маички „Слобода за Кежо“. Во Собранието ќе бидат доставени вкупно 123 маички, односно по една за секој пратеник.
Од Одборот апелираат сите пратеници, без разлика од која партија се, да ги облечат маиците за време на работата во Собранието и со тоа да покажат солидарност и поддршка за напорите на новинарите да му се дозволи на Кежаровски да се брани од слобода.
Инаку, на Кежаровски ќе му се суди по итна постапка. Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, за „Утрински весник“ изјавил дека имајќи ги предвид сите случувања изминативе денови и штрајкот со глад на новинарот Кежаровски, судењето ќе почне во многу скоро време и нема да се чека до септември:
„Судењето ќе почне летово по итна постапка и на него ќе бидат презентирани сите докази од обвинението кои беа поднесени деновиве“, изјавил Панчевски.
Кежаровски веќе трети месец е во притвор, осомничен дека пред пет години го открил идентитетот на заштитениот сведок за убиството на старецот од велешкото село Ореше.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

