Македонија
Аџиев: Лустрацијата ја напаѓаат оние што сакаат да се спасат од неа
Знаевме дека ова е болен процес, дека штом почне да се отвора процесот ќе се јават реакции. Ќе се искористи секоја можност да се нападне Комисијата за да се деградира овој процес за да може евентуално да се спасат од лустрација, вели Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на фактите, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Според него, со Законот за лустрација се опфатени и починати лица, но дека нивните имиња не се објавуваат.
„Комисијата согласно законот и деловникот што го има, сите лица што ги проверуваме доколку се починати нивните имиња и презимиња не се објавуваат. Наеднаш тие личности кои дополнително покасно излегоа како соработници излегоа во јавноста и го обелоденија тоа име, што е многу симптоматично. Дали тие намерно го обелоденија за да се крене прашина, очекувајќи, знаејќи што работеле претходно, па дека и тие можеби ќе дојдат на дневен ред па го обелоденија тоа за да се крене таа голема прашина, како што кажувате вие, за да се скрати тука некоја нивна понатамошна обработка. Инаку ние тие лица ги поминавме во процесот на лустрација бидејќи за нив постојат документи, ништо повеќе.“, рече Аџиев.
Тој додава дека наскоро ќе бидат објавени и имањата на жртвите, бидејќи токму нивните семејства тоа го побарале.
Запрашан да ги коментира обвинувањата дека е инструмент на власта, Аџиев вели дека Комисијата е составена од 11 члена и дека тој сам не може да одлучува.
„Тоа е само измислено од некои лица да се компромитира работата, а најдобро е да ја компромитираш комисијата преку претседателот. Пак ќе кажам, нити сум презел некоја обврска надвор од моите овластувања како член на Комисијата, а уште помалку како претседател, бидејќи како претседател имам само обврска да закажам седница и да предложам дневен ред. И дневниот ред не можам јас да го утврдам додека не го утврди Комисијата. Јас само предлагам дневен ред, многу често не ми се прифаќа или се дополнува на седницата, а мојот глас е еден глас. Секој само измислува нешто да ме компромитира за да… Мислам дека луѓето што почувствуваа дека, а соработувале со тајните служби, дека може да дојдат на дневен ред и сега дај да растуриме нешто, па ќе измислиме дека претседателот прави вака или онака, но работите воопшто не стојат така“, вели Аџиев.
Тој додава и дека не се вршат врз него притисоци, туку дека, како што рече, повеќе се прави театар пред медиумите. /крај/рсе/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

