Македонија
Иванов го одликува претседателот на Полска со Орден „8 Септември“
Претседателот Ѓорге Иванов донесе указ со кој претседателот на Полска, Бронислав Коморовски се одликува со Орден „ 8 Септември“. Во наредниот период Иванов ќе им додели Орден и на претставници од државно-политичкиот врв на Унгарија и на Чешката Република.
Орденот „8 Септември“ му се доделува на претседателот на Република Полска за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива рамноправна соработка меѓу Република Македонија и Република Полска, како и за афирмирање и јакнење на меѓународната положба и углед на Република Македонија.
Оваа година се одбележува дваесет годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Република Полска. Двете земји во изминатиот период изградија односи на искрено пријателство, кое се карактеризира со меѓусебно разбирање и заемна поддршка на билатерален и мултилатерален план. Двете земји остваруваат плодна соработка во повеќе сфери од заемен интерес.
Орденот „8 Септември“ се доделува како израз на благодарност до полскиот народ и лидерите на Република Полска за негувањето и јакнењето на односите на пријателство и на соработката меѓу двете држави, за силната поддршка и помош во напорите за реализација на стратешките цели и принципиелниот однос кон уставното име на Република Македонија.
Коморски треба да ја посети Македонија на 10 и 11 септември, кога ќе му биде врачен Орденот.
На 25 јули 2005 година, Владата на Полска донесе одлука за признавање и употреба на уставното име на Република Македонија во билатералната комуникација. Не случајно претседателот Коморовски е првиот од Вишеградската група кој го добива овој Орден, бидејќи одлуката на Полска од 2005-та беше поттик и Унгарија и Чешката Република со одлука на нивните влади да ја потврдат и официјализираат практиката на обраќање кон Република Македонија со нејзиното уставно име во билатералната комуникација, информираат од Кабинетот на Претседателот.
Владата на Унгарија ваквата одлука ја донесе на 10 декември 2012 година, додека пак владата на Чешката Република одлуката со која ја потврди и официјализира досегашната пракса на обраќање кон Република Македонија со нејзиното уставно име во билатералната комуникација, ја донесе на 12 февруари 2013 година.
Со Орден „8 Септември“ претседателот на Република Македонија во наредниот период ќе одликува и претставници од државно-политичкиот врв на Унгарија и на Чешката Република.
Одликувањата се во знак на благодарност до народите и лидерите на овие пријателски земји./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

