Македонија
Започна реконструкција на делницата Велес-Кадрифаково

Започна реконструкција на делницата Велес Кадрифаково, прва од трите фази на градежни работи кои треба да ја подобрат патната инфраструктура која источна Македонија ја поврзува со метрополата.
„Ќе се менува комплет горниот дел од асфалтот до велешката депонија и секако ќе се рехабилитира и проширува низ населените места Лозово и Сарамзалино“, рече Љубчо Ѓеоргиевски, директор на ЈП Државни патишта.
Покрај новиот асфалт и сообраќајната сигнализација коловозот ќе биде проширен. Делницата ќе биде широка 11 метри и ќе има четири сообраќајни ленти, јави порталот Лисица.
„Вкупната инвестиција планираме да чини околу 15 милиони евра, втората и третата фаза, вклучително со првата, изнесува 24 километри“, рече Ѓеоргиевски
Со сите овие градежни работи на овој патен правец значително ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот. Тој досега важеше за патен правец со најмногу црни точки, или делница на која во последните три години се случиле 227 сообраќајни незгоди, а 13 лица го загубиле животот,
Овој патен правец е изградена пред педесет години, просечниот годишен дневен сообраќај е околу 500 возила. /крај/лс/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.