Македонија
Работилници за деца на Меѓународниот филмски фестивал „Џифони Македонија“
Од 19 до 22 октомври фондацијата Метаморфозис ќе се дружи со децата на свои работилници за време на Меѓународниот филмски фестивал „Џифони Македонија“ во Скопје.
На 19, 20 и 21 октомври во 14:00 часот во Кинотека, ќе се одржат работилници за реупотреба на електронски отпад, додека на 21 и 22 октомври со почеток во 11:30 на истата локација, ќе се одржат едукативно ликовни работилници, за време на кои децата со цртежи ќе илустрираат интересни едукативни факти. Овие цртежи ќе бидат дигитализирани и достапни на веб-локацијата www.oer.mk како едукативни помагала.
Ликовните работилници се дел од напорите на фондацијата за популаризирање на концептот за отворени образовни ресурси.
Во рамки на фестивалот ќе учествуваат повеќе од 400 деца од Македонија и земјите во регионот, односно Италија, Романија, Србија, Грција и Албанија. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

