Македонија
Основен суд 1: Новинарите да се загрижат за нивната едуцираност
Неосновани се изјавите на новинарските здруженија дека судот не го осудил само новинарот на „Нова Македонија“, Томислав Кежаровски туку пресудата е вперена против слободата на изразување и слободата на медиумите, реагираат од Основниот суд Скопје 1 на реакциите по пресудата за Кежаровски со којашто е осуден на четири години и шест месеци затвор.
Според судот, оваа пресуда не треба да се претставува страв за вршење на професијата, туку да предизвика сериозна загриженост кај новинарската фела за нивото на едуцираност на поедини новинари за законските прописи од аспект на сериозноста на фактите за кои известуваат наспроти во конкретниот случај злоупотребата на новинарското перо во функција на одредени интереси под превезот на јавниот интерес.
„Во оваа смисла ги прашуваме новинарите и сите оние што упатија остри реакции на пресудата на судот, дали јавниот интерес за откривање на заштитениот сведок и со тоа рушење на судска постапка претставува поголем јавен интерес од јавниот интерес за откривање на еден криминален акт на кривично дело убиство, кое е мерилото на совеста и етика на фелата за дадените остри реакции кон судот со кое ваквата слобода на говорот е ставена во функција на јавниот интерес и кој му го дал на новинарот правото по субјективна оценка да го брани јавниот интерес за нешто за кое државните органи кои го штитат јавниот интерес и ги спроведуваат законите воделе постапка“ се вели во писмената реакција од Судот.
Од Судот велат дека се фаворизира фактот дека еден од осудените е новинар, иако се осудени и судии, адвокати, обвинител. „Изречената казна за новинарот иако е минимална законски пропишана за тоа кривично дело се споредува со другите осудени за кои се наведува дека биле прво или второ обвинети, а кои во конкретниот случај се осудени за други независни кривични дела за што се пропишани други казни во рамките на предвиденото со материјалните закони“ се вели во реакцијата.
Реакциите, според Судот, имаат цел да и прикажат на јавноста дека судот применува драконски мерки, а новинарот претставува неука странка кој не бил воопшто свесен за последиците од објавените текстови, иако истиот неспорно е правник по струка и во своите текстови во списанието Репортер кога го објавил идентитетот на заштитениот сведок, детално го обработувал Законот за заштита на сведоци.
„За судот конечно останува посебно нејасна и загрижувачка реакцијата на ОБСЕ дека преголемата казна за Кежаровски е загрижувачки развој кој испраќа јасна порака за цензура на другите новинари, при што нејасно останува како од кои причини и на што судот врши цензура при спроведувањето на законот во една демократска држава“ реагираат од Судот.
Кежаровски во понеделникот беше осуден на затворска казна од четири години и шест месеци за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот Ореше, кој потоа јавно призна дека бил лажен сведок. ОБСЕ и новинарските здруженија од Македонија и од светот изразија загриженост големината на затворската казна и предупредија дека со ова се загрозува слободата на говорот во Македонија./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

