Македонија
Министерот Ивановски се сретна со вториот човек на Интел
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, во петок се сретна со потпретседателот на корпорацијата Интел, Џон Дејвис, кој се наоѓа во посета на Република Македонија.
На средбата се разговараше за соработката во повеќе области, пред сè во информациско-комуникациските технологии и помошта за малите и средните претпријатија.
„Во рамките на Осмиот состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, кој во септември се одржа во Њујорк, со потпретседателот на Интел, Џон Дејвис го потпишавме Меморандумот за разбирање во областа на информатичката технологија за земјоделски услуги. Со него ќе се овозможи руралните микропретприемачи да им нудат услуги за земјоделците во руралните заедници со користење на компјутерски уреди. Денес договоривме одржување на работилиница за мали и средни препријатија, на која експерти од корпорацијата Интел ќе дојдат во нашата земја и преку пренесување на стручни знаења и искуства им овозможат на препријатијата нивните производи да бидат поконкурентни на странските пазари“, изјави по средбата министерот Ивановски.
Потпретседателот на Интел, Џон Дејвис, од своја страна истакна дека Македонија напредува во многу сфери поврзани со ИКТ секторите, пред сè образовните системи во земјата и нивната компјутеризација, со што се постигнува повисоко ниво на едукација и напредок во образованието.
„Сакаме да им помогнеме и на локалните компании во Македонија да ги користат новите технологии и новите софтвери за постигнување нивен поголем развој. Цениме дека работилницата која ја подготвуваме за малите и средните претпријатија ќе ги даде очекуваните резултати“, истакна Дејвис. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

