Македонија
Иванов: Филозофијата му дава вистинска вредност и смисла на животот
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на филозофијата, одржа предавање на Филозофскиот факултет во Скопје.
Претседателот Иванов изрази задоволство од можноста и честа да биде покровител на научниот собир на тема „Филозофијата денес“, во организација на Филозофскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Филозофското друштво на Македонија.
„За разлика од воздухот што го дишеме, водата што ја пиеме и храната со која се храниме, филозофијата, како и уметноста, не е неопходна за човековото преживување. Човекот може да преживее и без филозофијата. Но, филозофијата е една од оние нешта што му даваат вистинска вредност и смисла на животот и живеењето. Филозофијата го прави животот вреден“, рече претседателот Иванов.
„Да гледате во љубовта и пријателството корист, значи да ја изгубите смислата на пријателството и љубовта. Така е и со филозофијата – да гледате во неа корист, значи да ја изгубите смислата на филозофијата. Таа, иако е тешка, сепак, нé привлекува за да бидеме повеќе луѓе, односно да видиме како бескрајно сами себеси се надминуваме, или што би кажал нашиот свети Климент – да се престигнуваме по добрина. Кој имал можност да слуша или, пак, да чита дело на некој возвишен филозоф, лесно ќе се убеди во сево ова“, рече претседателот Иванов во предавањето одржано на Филозофскиот факултет во Скопје.
Претходно, претседателот Иванов одржа средба со деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Горан Ајдински, како и со дел од учесниците на научниот собир./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

