Македонија
Македонија и Бугарија разговараа на тема „Управување со води“
Македонија и Бугарија имаат одлична соработка на полето на животната средина, оцени во петок Соња Лепиткова државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, на состанокот со Атанас Костадинов, заменик министер за животна средина и води на Република Бугарија.
Целта на оваа средба на тема „Управување со води“, е да се зајакне соработката преку размена на искуства и знаења во процесот на спроведување на законодавството, исполнување на стандардите на Европската Унија и подигање на степенот на инвестициите во управувањето со водите.
Процесот на развивање на билатерална соработка меѓу Македонија и Бугарија во полето на животната средина започнат е уште во 2000 година кога се потпиша договор, и досега, како што оцени Лепиткова, соработката е на одлично ниво.
„Како резултат на таа долгогодишна соработка и комуникација, заеднички оценивме дека полето на водите е подрачје на кое можеме заеднички и интезивно да работиме како две блиски соседни држави и таа соработка да ја развиеме на експертско ниво“, нагласи д-р Лепиткова. Изработката на план за управување на сливот на реката Струма беше посочена како прва заедничка активност во област на управување со водите.
Бугарскиот заменик министер Костадинов потсети дека почнувањето разговори со Европската Унија е доста сложен процес и дека најголемите одговорности се токму на Министерството за животна средина.
„Европската Комисија на Унијата, акцентот на својата работа го ставаат во областа на животната средина и најмногу средства ќе треба да бидат насочени во таа област“, рече Костадинов.
Принципите, според европската визија, нагласи тој, сериозно настојуваат екологијата да биде опфатена во сите области во државата, економијата, енергетиката, земјоделството, транспортот и сите останати сектори. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Удово – Валандово
Сообраќајот на патниот правец P1105 – Удово – Валандово, кој поради излевање на Калковска Река беше во прекин, е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 05:25 часот и се пренасочуваше на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Македонија
Сиљановска-Давкова учествува на Светскиот самит на владите во Дубаи
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, по повод учеството на Светскиот самит на владите.
Претседателката ќе биде главна говорничка на сесија посветена на демографските промени. Таа ќе говори за перспективата на државава во однос на демографските промени и нивните импликации врз националниот развој.
Сиљановска-Давкова ќе учествува на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, како и на Светскиот самит на лауреати, што се одржува за прв пат во пресрет на Светскиот самит на владите, со вклучување на носители на Нобеловата награда и водечки научници во дебатите за креирање политики.
Предвидени се повеќе билатерални средби на Сиљановска-Давкова со учесници на самитот.
Централна тема на настанот е „Обликување на влади на иднината“.
Светски самит на владите е глобален форум што поврзува шефови на држави и влади, меѓународни организации, експерти, претставници од приватниот сектор и други креатори на политики со цел да се промовира глобална соработка, иновации и решенија за идни предизвици на светско ниво. Самитот ги истражува најновите трендови и најдобрите практики во управувањето, технологијата, одржливиот развој и други клучни области за подобрување на животот на луѓето ширум светот.
На годинешното издание на самитот е најавено учество на над 35 шефови на држави и влади, повеќе од 150 владини делегации и околу 6.000 учесници.
За време на работната посета на ОАЕ, претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде придружувана од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -4 било во Берово и Mаврови Анови, -3 во Kрушево, -2 во Крива Паланка, -1 во Тетово, Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Битола, Велес, Кавадарци, 2 Демир Капија, Струмица, 3 Гевгелија.
Количина на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
26 Гевгелија, 20 Демир Капија, 17 Струмица, Mаврови Анови, 15 Kрушево, 13 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 12 Кавадарци, Пожаране, 10 Берово, Велес, Ѓуриште, 9 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 5 Виница, 3 Претор, Прилеп, Тополчани, 2 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 1 Охрид.
Висина на снежна покривка до 07 часот во (cm)
50 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 5 Берово, 2 Ѓуриште.
Времето денеска
Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

