Контакт

Македонија

Министерот Џафери се сретна со специјалниот претставник на генералниот секретар на ООН, Дју

Објавено пред

Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, во вторник во Скопје се сретна со специјалниот претставник на генералниот секретар на ООН и шеф на канцеларијата на ООН во Белград, Питер Дју.

На средбата, соговорниците разменија мислења околу учеството на Република Македонија во мировните мисии на Обединетите Нации, додека стана збор и за можностите за зголемување на учеството на припадниците на АРМ во мисиите на светската организација.

Република Македонија, во рамки на придонесот во меѓународните мировни мисии, како и заложбата за утврдување на светскиот мир и безбедност, од 2007 година е дел од мисијата УНИФИЛ во Либан, каде во тек е шестата ротација на македонски персонал. /крај/со/мф

Македонија

Педесет компании заинтересирани за изградба на скопската пречистителна станица вредна 136 милиони евра

Објавено пред

Досега 50 компании испратиле апликации на повикот за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град Скопје, информира Водовод и Канализација.

Истовремено, продолжен е рокот за поднесување на апликации до 1 спетмеври.

„Со цел да се излезе во пресрет на потенцијалните апликанти и заинтересеирани страни, рокот за поднесување на апликациите се продолжува, па наместо на 17 август истекува на 1 септември во 12 часот по локално време“, информираат од Водовод и Канализација.

Проектот е во вредност од 136.000.000 евра.

„Заинтересираните страни кои ќе испратат електронска апликација до 01.09.2020, најдоцна до 14.09.2020, 12 часот (по локално време) ќе треба да ја достават апликацијата и во печатена форма. Со цел зголемена транспарентност, апликантите ќе можат да го следат отворањето на апликациите преку преку видео конференциска врска“, додаваат Водовод и Канализација преку соопштение.

Прикажи повеќе...

Македонија

Извештај на ИЈЗ: Намален е бројот на новозаразени и починати

Објавено пред

Трета недела по ред продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи благо зголемување на бројот на оздравени лица според податоците во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 3 до 9 август 2020 година.

ИЈЗ известува дека во овој период се направени вкупно 9.543 тестирања (1.8% помалку од периодот 27 јули –2 август) и регистрирани се 816 позитивни случаи на Ковид-19, што претставува намалување за 10.5% споредено со претходната недела.

Во периодот на известување повторно намалување има и во процентот на позитивни од тестирани случаи, кој изнесува 8,6%, во споредба со последните две недели кога 9,4%, односно 10% од тестираните беа позитивни. Новозаболени се регистрирани во 26 градови, при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (31,4%), во Штип (11,3%) и во Гостивар (10,4%). Во 16 градови во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Во однос на старосната структура на новозаболените и во овој период најголем процент се лица над 60 години – 25,9%, а поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст меѓу 30-39 години – 18,4%. Во возрасната група 40-49 години се 17,9% од новозаболените, а во групата 50-59 години – 17,2%. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 години – 1,6% и 10-19 години 4,0%. Од случаите, кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 78 лица или 13,6% од новозаболените, а кај 196 лица или 34,3% е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени во овој период 34,8% имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 8 лица (13 помалку од претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.

Во периодот од 3 до 9 август се регистрирани 1.038 оздравени лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е благо зголемување во споредба со претходниот период. Во периодот од 3 до 9 август, регистрирани се 25 смртни случаи, што е намалување од 13,8%, во однос на минатата недела, кога исто беше забелжано намалување на бројот на смртни случаи. Најголем дел од случаите се лица над 60 години – 56,0%. Во болнички услови се починати 21 од случаите, а четири вон болнички. Кај 19 од смртните случаи (76,0%) регистрирани се претходни коморбидитети.

Деталните извештаи на Институтот за јавно здравје за состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија – 03-09.08.2020, како и кумулативна состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 12.000 лица

Објавено пред

Од почетокот на пандемијата во земјата над 12.000 лица биле регистрирани позитивни на коронавирусот.

Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи по вчерашните потврдени 141 новозаразен.

Според податоците на Министерството за здравство, бројката на оздравени пациенти досега изнесува 8.248, а на починати е 529.

Во моментот 3.306 луѓе се активни носители на вирусот. Од нив, 1.157 се од Скопје, во Штип има 342 активни случаја, Гостивар – 285, Куманово – 266, Тетово – 175.

Во болниците во целата држава во моментот се хоспитализирани 389 пациенти.

Досега се извршени вкупно 117.475 тестирања на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

Кои маски штитат, а кои ја шират инфекцијата на Ковид-19 уште повеќе?

САД достигнаа рекордни пет милиони заразени со коронавирус, а сите напори да се запре ширењето на инфекцијата не успеаја. Иако...

Македонија1 час

Педесет компании заинтересирани за изградба на скопската пречистителна станица вредна 136 милиони евра

Досега 50 компании испратиле апликации на повикот за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град...

Македонија1 час

Извештај на ИЈЗ: Намален е бројот на новозаразени и починати

Трета недела по ред продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи благо зголемување...

Свет2 часа

Кралството Бутан во карантин само поради еден заболен од Ковид-19

Бутанските власти првпат прогласија општ карантин кога еден граѓанин, кој е позитивен на коронавирус, бил во близок контакт со луѓе...

Свет3 часа

Американскиот епидемиолог Фаучи: Сериозно се сомневам во руската вакцина

Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, изјави дека рече оти има сериозни сомнежи дека вчерашната одобрена вакцина против коронавирусот во Русија...

Свет3 часа

Руската вакцина веќе ја бараат 20 земји

Кога рускиот претседател, Владимир Путин, објави дека е одобрена првата светска вакцина за Ковид-19, 20 држави побараа од Русија да...

Македонија3 часа

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 12.000 лица

Од почетокот на пандемијата во земјата над 12.000 лица биле регистрирани позитивни на коронавирусот. Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи...

Македонија18 часа

Моделот за образовниот процес ќе се донесе по мислењето на Комисијата за заразни болести

Конечната одлука за начинот на кој ќе се спроведува наставата од септември ќе биде донесена врз основа на мислењето на...

Македонија18 часа

Автобусите отсега ќе можат да превезуваат поголем број на патници, одлучи Владата

Автобусите отсега ќе може да пренесуваат патници со 75 отсто од капацитетот, наместо досегашните 50, одлучи Владата на седница. „На...

Европа18 часа

СЗО сака дополнително да ја проверува ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на евентуално тестирање на безбедноста и ефикасноста за нова вакцина...

Македонија18 часа

(Видео) Костадинов: Заев е мандатар, преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат

Во тек се разговорите и консултациите за парламентарно мнозинство и владина коалиција за четиригодишен стабилен мандат, изјави портпаролот на СДСМ...

Македонија19 часа

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е...

Македонија21 час

Нови 141 заболен и еден починат од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија21 час

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, една недела по средбата со Али Ахмети, изјави дека тие воопшто не ни преговорaле за...

Македонија21 час

Лукаревска веќе не е директорка на УЈП, ќе биде пратеник

По верификувањето на мандатот за пратеник, Сања Лукаревска ја напушти функцијата директор на Упрвата за јавни приходи, а на нејзино...

Македонија23 часа

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска, кои, според финските власти,...

Свет24 часа

Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19; Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против короната. Според руската новинска агенција ТАСС,...

Македонија24 часа

Повеќето патници со коронавирус што слетале во Финска биле иселеници со косовски пасоши

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157...

Топ1 ден

Се удави рибар во водите на Вардар

Педесет и шестгодишен маж од гевгелиското село Миравци се удави во реката Вардар. Несреќата се случила вчера во 15.40 часот...

Свет1 ден

Над 250.000 новозаболени од Ковид-19 во светот

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 20 милиони, а само во последните 24 часа пријавени се повеќе...

Досие